Во посета на плакарот на Каролина Маскиевич

01.02.2014 13:44
Во посета на плакарот на Каролина Маскиевич

Каролина Маскиевич е дизајнерка која има своја продавница и живее во Лорел Кањон во Лос Анџелес. Уште од моментот кога ја запознав на една од средбите на „Во посета на плакарот“ знаев дека сакам да ја интервјуирам. Таа е од Полска и едно од нејзините кучиња се вика Пепе.

Опиши го твојот личен стил.

Или целосно андрогин, речиси машки, или пак целосно заводлив, дамски.

Кои се твоите омилени дизјанери/ки?

Wren, буквално секое здолниште кое го поседувам е на Wren. Alexander Wang, Helmut Lang, Lanvin. И Odilon, имам неколку навистина прекрасни и уникатни парчиња од нив, како нивните кожни хеланки во месо-боја. Аххх, и нивните кожни панталони се преубави.

Каде најмногу уживаш да купуваш?

Париз и Њујорк ми се омилени. Би можела да живеам во L'Еclaireur кога би ме пуштиле. Исто така има и многу уникатни мали и неоткриени места кои изобилуваат со неочекувани задоволства.

Кои личности би ги издвоила како стилски икони?

Кејт Мос, Џејн Биркин, Одри Хепберн поради нејзиниот беспрекорен шик стил, Пети Смит – никој не носи машка облека толку добро.

Има ли некои парчиња облека од кои не се одвојуваш и постојано ги носиш?

Мојот часовник (метално ремче за преку ден, кожно за навечер), рамни чевли, долги џемпери, машки кошули, сè што е кратко, сè со висок струк. Чизмите на Џефри Кемпбел кои, на мое изненадување, можат да се комбинираат со сè. Мини здолништата на Wren. И фустаните кои си ги дизајнирам за себеси, а кои инаку можат да се најдат во мојата продавница Weekend Lovers, а и во продавниците на брендот Mé.

Што купи последно?

Кожни рамни чевли од Прада и пар чорапи.

Ти се случило ли да купиш нешто по неверојатно пониска цена?

Моето омилено парче е мала плико-чанта со златни змиски шари од Оскар де ла Рента која ја купив од продавницата на мои пријатели на некој неверојатно луд попуст. Имам и едни кожни панталони од Риф, тие беа роденденски подарок и се бесценети.

Некој совет за економично купување?

Купувајте го само она што ви треба. Иако она што ви треба понекогаш може да ве изненади.

Што најмногу сакаш кај твојата работа?

Јас сум дизајнерка, а имам и своја продавница - Weekend Lovers. Тоа е одличен креативен простор за мене, го обожавам фактот дека соработувам со локални дизајнери – функционираме како мала заедница. Тоа што му возвраќам за сè на мојот преубав град, Лос Анџелес, затоа што создавам место за младите дизајнери и дестинација за купувачите.

Кои производи за убавина би ги препорачала?

Сè од Шанел кога се работи за шминка! Кокосово масло за готвење за сува кожа. Магија во тегла. А, да, и парфимериите кои се целосно посветени на уметноста на мирисите. Во нив секогаш можете да пронајдете нешто навистина прекрасно и само за вас.

Пет работи без кои не можеш да живееш.

Пријателите. Патувањата. Големите чанти. Бањите. Авокадо.

Извор: closetvisit.com