Во посета на плакарот на Момо Сузуки

07.01.2014 14:51
Во посета на плакарот на Момо Сузуки

Момо Сузуки е модна дизајнерка која креира облека (нејзината модна линија се вика „Црниот жерав“) и накит. Родена е во Јапонија, а живее со нејзиниот сопруг Александaр Јамагучи, исто така дизнајнер, во Лос Анџелес. Момо е мултиталентирана, забавна, убава и супер фина!

Плакарот на Момо беше едноставен, организиран, и изгледаше добро стуктуриран. Голем дел од облеката и накитот беа од нејзината модна линија и од онаа на нејзиниот сопруг. Парчињата од нејзините колекции беа минимални и изгледаа удобни, но моделите беа целосно уникатни и интересни.

Бев инспирирана од стилот на Момо и од начинот на кој таа го имаше уредено нејзиниот простор. Од неа научив дека може да се има стил и без голем плакар и дека едноставноста е моќна изјава. Сѐ на неа беше толку природно и делуваше како лекција за елегантна едноставност – нејзината коса, речиси незабележливата шминка и едноставниот накит... А нејзиниот прекрасен стан? Во продолжение следува уште повеќе...

Опиши го твојот личен стил.

Би рекла едноставен. Сакам да си играм со различни материјали со исти тонови. Немам посебен стил, само уживам да ги следам претчувствата. Секој ден е различен.

Што те инспирира кога дизајнираш облека и накит?

Светот околу мене, најразличните нијанси на цветовите, обрасците од природата, вировите на улиците, може да биде што било.

Каде најмногу уживаш да купуваш?

Во Mohawk General Store, IKO IKO, на бувјаците, Assembly New York.

Кои се твоите омилени дизјанери/ки?

Lanvin, Boesset / Schorn, Isabel Marant, Martin Margiela.

Има ли некои парчиња облека од кои не се одвојуваш и постојано ги носиш?

Винтиџ црно пончо, шалвари од мојата колекција, маиците на Александaр Јамагучи, чизмите на Беатриче Валенцуела, џемперите од кашмир на Сојун.

Што купи последно?

Голем волнен џемпер од VPL.

Кои личности би ги издвоила како стилски икони?

Им се восхитувам на сите кои можат да создадат своја мешавина од стилови.

Ти се случило ли да купиш нешто по неверојатно пониска цена?

Имам неколку неверојатно талентирани пријатели дизајнери и понекогаш си разменуваме парчиња од нашите колекции.

Како изгледа еден обичен ден во твојот живот?

Станувам околу 7-7:30. Јогурт и чај. Одам во студиото во центарот на градот. Присуствувам на состаноци со моите снабдувачи или дизјанирам облека за новата колеккција. Се враќам дома околу 7 навечер. Подготвувам вечера со мојот сопруг. Во последниов период, по вечерата обично се занимавам со изработка на мали скулптури од сламки, наречени Химели. Го правам тоа неколку часа, по што си легнувам околу полноќ.

Без кои пет нешта не можеш да живееш?

Соновите, семејството, пријателите, доброто вино, оризот!

Извор: closetvisit.com