„Маскирани“ предмети

09.09.14 14:39

Францускиот уметник Жилбер Легранд со своите чудни, но симпатични идеи ги претвора предметите со кои се среќаваме во секојдневниот живот во прекрасни ликови. Во изминатите 10 години, тој наоѓа скриени луѓе и животни во палки за пинг-понг, метро, инка, ножици... Легранд ги „открива“ скриените предмети и суштества со боја, креативно користејќи ги контурите и деталите на одредени предмети за да ги преобрази во фантастични портрети. Така, влакната од четката стануваат нечија коса, а куката од закачалката опашка на глушец.

Неверојатно е тоа што овој уметник може да го направи само со боја. Со многу од секојдневните предмети тој направил неверојатна преобразба, а крајниот резултат е толку уверлив, што некогаш морате да вложите напор за да видите што се крие под новата маска на стариот предмет. Малечките предмети на Легранд нè охрабруваат да видиме што има под површината на нештата, затоа што под превезот на секојдневното секогаш се крие некаква тајна.

Извор: gilbert-legrand.com

ОкоБоли главаВицФото