Кој столб од стратегијата на СДСМ е ова?!

28.09.2014 11:37
Кој столб од стратегијата на СДСМ е ова?!

НЕМА ДА ВИ СЕ ВЕРУВА, ПА КАКВА Е ОВА ПЕРВЕРЗИЈА: Погледнете кој им дојде на коктел на Бобо и Радмила - Орце Камчев?!?!

Сопругот на Радмила слави годишница на Дајнерс во новиот барокен МНТ, круна на проектот „Скопје 2014“. Радмила и брачниот пар Заеви му доаѓаат на прославата?! На прославата доаѓа и Орце Камчев?!

Камчев кој со весниците на МПМ ја сотре опозицијата, човекот кој шурува со власта и прави невидена империја откако е ДПМНЕ на власт, доаѓа на забава на брачниот пар Рада - Бобо?! Зошто ја одбрале баш МНТ за место на прославата?! Зошто кога веќе така се решило, не избегнале да присуствуваат лидерите на СДСМ?! Каква е пораката која се праќа сега до членството, бојкот, а во исто време се слави во срцето на „Скопје 2014“ со клучниот бизнисмен на режимот?!?!?!?!?!?!?!?!?!?!?!?!?!?!?!?!?!?!?!

Кој столб од стратегијата на СДСМ е ова?! Ова ли е сликата која сакате да ја има за вас македонскиот народ?! Ова ли е блискост со народот?! Стокмени, средени во барокниот МНТ на прослава на компанија за кредитни картички кои ги користи македонската елита во друштво со олигарсите на Грујо од типот на Орце Камчев?!

И тоа во истиот ден кога Грујо среде викенд ги собра министрите во владата и држеше мега прес и отчет за 100 дена влада, во ист ден кога излезе мерењето на ИРИ за вашите мизерни рејтинзи, во време кога парламентот е празен, народот е во очај, вие решивте малку да искулирате и да се сликате во јако друштво на банкари, олигарси, со еден збор корумпираната аздисана елита на режимот на Груевски?!

Мислите ли дека Груевски некогаш ќе си дозволи да дојде и да биде виден на ваков елитен прием?! Па сте го виделе ли човекот на ваков прием, не дај боже на виенски бал како што правеше Љубчо со Снешка?! НИКАКО! Затоа Грујо има 20% рејтинг а вие сте на дното. Не ја научивте играта, вие сте антиталенти за политика, вие сте дибеци, дрва за политика, со вас на чело на СДСМ, Грујо ќе владее уште 100 години!

Илјадници опозиционери се згазени и згмечени од чизмата на ДПМНЕ и немаат за леб, а вие терате одмори, коктели, се лигавите и нанесувате очај и депресија во опозицискиот табор! Љубе, Велија, Ване Цветанов, Зоран Божиновски гнијат во затвор на децениска робија, а вие се куропецате во скапи одела, машносани, скоцкани, ало бре идиоти?!

Со овој потег вие ја запечативте вашата судбина! После ова сè што треба е да си дадете оставка и да се тргнете од политичката сцена затоа што немате три чисти, немате два грама мозок кај терате и пред каков предизвик сте исправени, вие сте политички аматери, некадарни и неспособни!

Бидете си тоа што вас ви лежи на срце - бизнисмени, сопруга на бизнисмен и мајка, градоначалник и слично, не се бутајте таму каде што не ви е место! Македонија очајно има потреба од моќна силна опозиција од која ќе им се тресат гаќите на Груевци, ова што сега го имаме е комедија и трагедија, две у едно! БРУКАААА, ТОА СТЕ ВИЕ, БРУКААА!!!

Извор: Мактел