Брак

03.10.2014 10:51
Брак

-Кога не би постоел:

Да нема брачни потешкотии и неприлики, љубителот на ботаниката би уживал обиколувајќи ги најоддалечените шуми, минерологот ненаситно би одел по странските земји, истражувајќи ја утробата на земјата, а физичарот веднаш би полетал да ја види ерупцијата на некој нов вулкан. Колку само морепловци би се впуштиле во авантура на пат околу светот, не плашејќи се од злосреќната судбина на своите претходници! Колку само светски патници би побарале слава мешајќи се, и покрај опасностите, со најварварските народи! Каков степен на совршенство би достигнале уметностите и науките! Каква светлост би ги опсипала најапстрактните теориски теми! Каква сила би имале владите! Каква херојска храброст би имало во војската! Како само би брзале во судир со непријателот! Некој народ на ергени наскоро ќе загосподари со светот.

Шевалие де Лоранс (Chevalier de Laurence), Повеќе мажи! Повеќе татковци! Рајот на Божјите деца (Plus de maris! Plus de pères! le Paradis des enfants de Dieu), 1838.

-Што треба да знае секоја девојка:

Ќе ѝ речеме на секоја девојка која сонува за тоа да облече венчаница: немојте да останете во целосно незнаење кога станува збор за функциите и болестите на урогениталните органи! Тоа е цената на вашата иднина, среќа и здравје. Немојте да ја наведнете главата пред повикот на разузданите страсти на своето срце и да се впуштите во непознатото! Во волшебните, но и лукави води на хименот, постојат опасности и вртоглави бездни! Без компас нема да го избегнете бродоломот!

Е. Жозан (E. Jozan), Практикум за болести на уринарниот тракт и репродуктивните органи (Traité pratique des maladies des voises urinares et des organes générateurs), 1855.

-Тоа е крај за венчаните луѓе:

Сексуалното општење е претерано кај венчаните луѓе, чинот се извршува и премногу често во брачниот кревет, и оттаму толкавата исцрпеност, немоќ, ментални заболувања и прерана смрт.

Билц (Bilz), Општествената состобјба на иднината (L'État social de l'avenir), Париз, Квиле (околу 1904).

Извор: DICTIONNAIRE DE LA BÊTISE et des erreurs de jugement, Editions Robert Laffont, S.A., Paris, 1965.

Слика: Heather Calderon

Слични содржини

Речник на глупоста
Речник на глупоста
Речник на глупоста
Речник на глупоста
Речник на глупоста
Речник на глупоста
Речник на глупоста
Речник на глупоста

ОкоБоли главаВицФото