1018 hPa
88 %
13 °C
Скопје - Пет, 17.05.2024 01:08
Во своите сатирични илустрации британскиот уметник Џон Холкрофт кој живее и работи во Шефилд го слика секојдневието на модерниот човек кој е фрлен во свет каде владее несигурност, индивидуалноста е згазена, непосредниот човечки контакт е загрозен, а поединците се механизирани од рутината.
Неговото критично, но хумористично око го привлекло вниманието на повеќе влијателни весници и магазини, како Reader’s Digest, Financial Times, The Guardian и The Economist, каде тој објавува свои илустрации.
Извор: www.johnholcroft.com