Соларен уред за производство на вода на велосипед

23.10.2014 13:10
Соларен уред за производство на вода на велосипед

Возењето велосипед стана секојдневие за многу луѓе, колку поради здравиот живот, толку и поради намалување на загадувањето во големите светски градови. Индустрискиот дизајнер Кристоф Ретезар осмисли начин да наполните шише вода со помош на соларна енергија додека го возите својот велосипед.

Ретезар го осмисли уредот „Фонтус“ кој за еден час може да наполни едно шише од половина литар, во зависност од влажноста на воздухот на местото каде се вози велосипедот. Уредот користи соларна енергија, за да ја кондензира влагата и да ја претвори во вода, која потоа се слева во шишето.

„Фонтус“ во основа го користи Пелтиеровиот уред, кој работи на електрична енергија за да ја спроведе топлината од една на друга површина на уредот. Направата е цврста, има две површини (една топла и една студена) и често се нарекува и Пелтиерова топлотна пумпа. Воздухот се внесува во системот со помош на вентилатор. Пелтиеровиот уред ја кондензира влагата од воздухот, која потоа се одлева и се собира во шишето. Од другата страна на системот излегува „исушениот“ воздух. Целиот систем користи соларна енергија за придвижување.

Секако, производството на вода зависи од моменталната влажност на воздухот. Голема предност на овој систем е што принципот на работа на „Фонтус“ може да се примени и на места каде нема извор на вода.

Извор: psfk.com

ОкоБоли главаВицФото