Сферен фотонапонски систем од Германија

28.10.2014 12:48
Сферен фотонапонски систем од Германија

Соларната енергија се користи веќе долго време, во разни облици. Било да станува збор за системи за загревање на топла вода или за фотонапонски системи, техничките унапредувања се постојани. Во оваа прилика, претставуваме еден фотонапонски систем кој ја концентрира сончевата светлина на помала површина.

Колекторот изгледа малку неконвенционално, можеби дури и несмасно во споредба со стандардните фотонапонски рамни системи. Творец на овој систем е германскиот архитект Андре Броесел. Идејата е да се зголеми ефикасноста на фотонапонскиот систем, со фокусирање на сончевата енергија на помала површина. Округлата леќа ја зголемува ефикасноста на колекторот за 35 отсто во споредба со постоечките системи.

Леќата се врти околу две оски, што ѝ дава целосна подвижност. Ваквиот систем може да се инсталира на каков било покрив или дури и на стаклени фасади. Можно е да се вклопи и со фотонапонски систем и со хибридни соларни системи (системи кои истовремено произведуваат електрична и топлинска енергија).

Предноста на ваквиот систем е што поради можноста за фокусирање на светлината, ќе се произведува електрична енергија и за време на облачните денови. Подвижноста на системот дава можност светлината секогаш да паѓа под прав агол на фотонапонската ќелија, што ја зголемува ефикасноста на системот дури за 99 отсто, без оглед на периодот од денот или временските прилики. Од друга страна, поради фокусирањето на светлината, површината на фотонапонските панели може да биде и четири пати помала од конвенционалните системи со иста сила.

Во видеото подолу можете да погледнете повеќе за овој систем:

Rawlemon Spherical Solar Energy Generator from Rawlemon on Vimeo.

Извор: Designboom

ОкоБоли главаВицФото