Следната мисија на Илон Маск: електричен авион

20.10.2015 02:52
Следната мисија на Илон Маск: електричен авион

Освен создавањето на автомобил кој вози самостојно и лансирањето ракети, Илон Маск има на ум уште една работа - електричен авион.

Во неодамнешното интервју за списанието Marketplace, основачот на компанијата Tesla Motors и SpaceX изјави дека иднината на превозот, без разлика дали станува збор за автомобил, авион или брод, во целост е поврзана со електричната енергија.

Маск е одушевен од идејата за електрични авиони, па така веќе изработи дизајн за, како што вели, „прилично кул суперсоничен електричен авион кој полетува и слетува вертикално, а кој освен тоа ќе биде и забавен“. Но, ова не е првпат Маск да изразува интерес за електрични авиони. За време на минатогодишниот симпозиум Aeronautics and Astronautics Centennial на MIT, Маск накратко спомна изработка на суперсоничен авион, но рече дека колку и да сака да го направи, мисли дека „неговиот ум би можел да експлодира од тоа“.

Ако визијата на Маск на крај се претвори во стварност, тоа би можело да придонесе за подобрување на авиоиндустријата, која според изворите на Natural Resources Defense Council (NRDC) емитува многу повеќе загадување од која било друга сообраќајна индустрија.

Маск во последно време очигледно многу размислува за електричната енергија, но и за развој на куќната батерија која за полнење ја користи елеткричната енергија добиена од соларни панели и така во текот на целата ноќ го снабдува домаќинството со струја. Единствената негова визија која не е врзана со електричната енергија е ракетата која ја развива за компанијата SpaceX. Иако ракетните лансирања се многу ретки, тие секако се штетни за околината, бидејќи реактивните гасови кои ги испуштаат предизвикуваат распаѓање на молекулите на озонот.

Извор: Discovery

ОкоБоли главаВицФото