Почина Ралф Баер, таткото на видео игрите

09.12.2014 14:35
Почина Ралф Баер, таткото на видео игрите

Ралф Баер, човекот благодарение на коj милиони луѓе ширум светот играат видео игри, почина на 92-годишна возраст.

Во текот на својата кариера Баер патентираше повеќе од 150 изуми, а доби и бројни награди и признанија. Баер е човекот кој ја осмисли првата конзола која и понатаму се користи како нацрт за X-box и Play Station.

„Никогаш нема да можам доволно да му се заблагодарам на Ралф за она што ми го даде мене и на сите останати“, изјави еден од основачите на Епл, Стив Вознијак.

„Луѓето мислеа дека си го губам времето и залудно ги трошам парите на компанијата за Brown Box. Никој не можеше да предвиди колку брзо оваа индустрија ќе се равива“, рече Баер на воведувањето во Халата на славните иноватори во 2010 година.

Подолу можете да погледнете видео снимка од тестирањето на Brown Box во 1969 година, кога Баер заедно со Бил Харисон го испробува овој гејмерски пронајдок.

Извор: Huffington Post