DOMA Collective

05.12.14 11:52

Аргентинската група уметници DOMA Collective од Буенос Аирес ги збогатува улиците со своите духовити и критички креации од 1998 година. Овој колектив ги комбинира уметноста, дизајнот, сликарството, видео проекцијата, скулптурата и дизајнот на играчки, за да ги создаде своите имагинативни, неконвенционални креации и инсталации, со богат колорит и лажно детинести. Маријано Барбиери, Хулијан Пабло Манцели, Матијас Виљано и Орило Бландини досега имаат сработено повеќе неверојатни проекти, од Берлин, преку Њујорк, па сè до Сао Паоло, Барселона, Портланд и Монтреал.

Во продолжение претставуваме дел од нивните креации.

Извор: www.doma.tv

ОкоБоли главаВицФото