Дождовна уметност

26.03.15 14:33

Познат по врнежливото време, Сиетл е совршено место за овие интерактивни уметнички дела, илустрации и скриени пораки кои се активираат и се видливи само кога врне. Насловени како Rainworks, невидливите парчиња на уметникот Перегрин Чарч почнаа да се појавуваат на улиците на Сиетл пред една година. Секоја инсталација е изработена од материјал кој не ја загадува околината, а трае помеѓу четири месеци и една година.

Извор: Vandalog

ОкоБоли главаВицФото