Повредена желка може повторно да се движи благодарение на протеза од лего коцки

06.12.2014 14:24
Повредена желка може повторно да се движи благодарение на протеза од лего коцки

Благодарение на генијалноста на еден ветеринар и неколку парчиња лего коцки, една мала повредена желка сега може да се движи со помош на мала количка. Ајрист Пест, сопственичката на Блејд, ја однела својата желка на ветеринар откако забележала дека миленичето има проблеми со движењето. Доктор Карстен Плишке открил дека поради повеќе проблеми екстремитетите се ослабнати и тој повеќе не може самостојно да оди.

Ветеринарот добил неверојатна идеја да му помогне на ова животно со неколку лего коцки кои ги вградил на телото на желката. Со само два пара тркала како потпора за телото, Блејд сега може да се движи додека нозете да му закрепнат, по што ќе биде способен повторно самостојно да оди.

„За луѓето има разни помагала и протези, но не постојат компании кои произведуваат нешто слично за животните. Разликата во големина на животните значи дека не може да се воведе сериско, униформирано производство. Па затоа мора да пронаоѓате креативни решенија; секое животно бара посебен третман“, вели доктор Плишке. За среќа, има ветеринари како него, кои се доволно креативни и имаат доволно сочувство што ќе ги натера да им помогнат на животните.

Извор: Daily Mail

ОкоБоли главаВицФото