Здравко Чолиќ открил две женски имиња кои до сега не ги спомнал во песна

20.01.2015 18:11
Здравко Чолиќ открил две женски имиња кои до сега не ги спомнал во песна

Белград, 20 јануари 2015

Легендарниот пејач Здравко Чолиќ неодамна открил две за него сосема непознати женски имиња кои до сега не ги опеал во своите песни и одлучил да ги смести на некој од своите следни албуми, дознаваат Пара вести од извори блиски на пејачот.

Чолиќ дошол до новите имиња листајќи го црковниот календар за 2015 година.

„Кога дојде до делот во кој се наоѓа списокот со имиња, со големо внимание ги исчитуваше женските имиња. Се покажа дека постојат две имиња за кои никогаш не пеел - Крсманија и Госпоинка. Веднаш почна да работи на текстови на песни во кои ќе ги опее, но станува збор за специфични имиња, па контактираше и некои од највештите домашни текстописци да му притекнат во помош“, рече нашиот соговорник.

Според неговите зборови, Чолиќ и во иднина ќе го користи црковниот календар како извор на инспирација кога станува збор за женските имиња.

„Една од опциите беше да почне да пее за жени со англиски или руски имиња, но за среќа дојде до традиционални женски имиња. Тие секако ќе бидат предизвик, но не се сомневаме дека многу слушатели во ваквите песни ќе ги препознаат своите баби, прабаби, тетки и стрини“, оцени нашиот соговорник.

Извор: www.njuz.net