Лабораториска песна

27.02.2015 17:40

Чарлс ја гледаше Наоми како зема срце
И железна тестера и отвора желки, живи.
Таа се колнеше дека ништо не чувствуваат, а тој занемуваше
Пред крвта, пред слепото грчење, дури и откако
Темната маса од црева ќе се расчистеше откривајќи
Познати контури: жолчки од јајца како ламби што бледнеат.

И така. Таа го носеше пулсирачкото срце
До кимографот и тука го подготвуваше, крпа
згрчен ветар, ту приморана на напор, ту запрена
со нејзините раствори закрепнувачки или кобни
Во кои таа наизменично го потопуваше.
Она што срцето ќе го издржеше таа го внесуваше во табела,

Оти работата не завршуваше само на срцето.
Тој мислеше на конкретни човечки срца, на нивниот подем
Низ насилство до избрани дисциплини
Од кои, како што сега се чинеше, сите издишале.
Таа наскоро ќе донесе уште едно и повторно ќе започне
Опуштена во присуство на својот љубовник.

Џемс Мерил (James Merrill, 1926-1995), американски поет, роден во Њујорк. Учесник во Втората светска војна. Пишувал и есеи, проза, драми. Живеел делумно во Грција, делумно во Конектикат. Објавил триесетина поетски книги и ги добил сите поважни американски книжевни награди.

Оригиналната песна

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото