Фотографии од руските жртви на хомофобичните закони

06.03.2015 04:11
Фотографии од руските жртви на хомофобичните закони

И покрај декриминализацијата на хомосексуалноста во Русија во 1993 година, актуелниот претседател на Русија, Владимир Путин, води политика која стимулира донесување закони што сериозно ги ограничуваат и загрозуваат геј правата. Сето тоа доведува стигматизирање на припадниците на ЛГБТ заедницата, кое често резултира со насилство.

Токму таквиот однос на руската држава кон ЛГБТ заедницата ја мотивирал британската фотографка Изабела Мур да започне проект за време на Олимпијадата во Сочи, која се одржа во 2014 година. Во нејзиниот проект таа ги фотографираше оние луѓе кои најмногу страдале поради дискриминирачките закони.

Нејзините фотографии се интимни и трогателни, направени во домовите на луѓето кои се фотографирани и ги доловуваат моментите на нежност, како и атмосферата на домот која е еден вид остров што ги заштитува од суровата реалност.

www.isabellamelody.com

ОкоБоли главаВицФото