Поема за Џ.

13.03.2015 19:52

Сотрено е она што го беше создала во своето тело.
Сега зачна одново.
Во куќата каде што синот ѝ почина
окната сјајат од неговиот живот,
оти таа избра пак да го носи.
Не го носеше за смрт,
и не го прави тоа. Го врати
во своето тело семето, горко
и радосно, на животот човеков.

Во куќата на покојникот прозорците блескаат
од живот. Таа тагува, оти животот му беше убав.
Не страхува. Таа е како нива
засеана од жито, и како дожд
што натопува поле, и како млада пченка.
Во тага обновува живот, во жалост
спрема враќање на радост.

Не го носеше за смрт, и не го прави тоа.
Животот што од нејзе произлезе за да постои
за себе, одвоен, таа сега го враќа кон себе.
Озарена е од ненадејниот нов живот на смртта.
Тоа е можеби светлината на покојникот
кој одново се раѓа. Можеби го сее,
како жито, во живеење и земја.
Го врати во своето тело,
и го осветли, темното семе на својата болка.

Вендел Бери (Wendell Berry, 1934), американски поет, еко активист, критичар на културата, фармер. Објавил повеќе од дваесет книги поезија, неколку книги со општествено-политички есеи, кратки раскази, есеи... Во 1964 г. ја објавил својата прва поетска книга, „26 ноември 1961“ - долга поема за смртта на претседателот Кенеди. Истата година ја објавил и збирката „Нерамно тло“ со која ја искажал својата врзаност за почвата и за својата животна средина. Бери го вбројуваат меѓу поетите на снажната струја во американската поезија, т.н. екологисти, поети кои со љубов и грижа проникнуваат во одликите и суптилностите на природата и на родниот крај.

Вендел Бери на Окно:

Змија

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото