Како да се биде поет (потсетување)

12.02.2016 15:26

I
Направи си место да седнеш.
Седни. Биди тивок.
Мораш да се потпреш
на чувствата, знаењето, вештината,
прочитаното – што повеќе од секое од нив –
инспирацијата, работата, зрелоста, трпението,
бидејќи трпението го шири времето
до бесконечност. Сомневај се
во судот на секој читател
кому се допаѓаат твоите песни.

II
Бескрајниот воздух
Вдишувај го со бескраен здив.
Избегнувај електроника.
Разговарај полека. Живеј
тридимензионален живот;
понастрана од екраните.
Одбегнувај го она што го
понижува местото во кое престојува.
Не постојат несвети места;
само свети места и осквернати места.

III
Прифати го она што доаѓа од тишината.
Искористи го најдобро што можеш.
Од малите зборови протнати
низ тишината, како молитва
возвратена кон оној што се моли,
состави песна што нема да ја наруши
тишината од каде што дошла.

Препев: Ивана Галапчева

Оригиналната песна

Вендел Бери (1934) e американски романсиер, поет, активист, критичар и фармер. Досега има објавено десетина романи, раскази, есеи и збирки поезија. Член е на Асоцијацијата на јужни писатели и на Американската академија на науките и уметноститите. Добитник е на наградата за исклучителен придонес „Ричард Ц. Холбрук“ во 2013 година. 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото