Жените кои чистат риби

08.03.2024 11:45

Сите жени кои чистат риби се викаат Роуз
или Грејс. Се будат близу водата
мокри и сонливи меѓу белите чаршави,
мислејќи на бели плажи.
Таму каде што работат секогаш е влажно.
Под пластичните престилки нивните гради
пенат и меурат. Носат стари алишта
оти мирисот никогаш нема да исчезне.
На подот, хлор.
На прозорецот суви траги оставени од галебите.
Кога туристите доаѓаат да ги гледаат,
работејќи над лентите со Бакалар и Ослич,
тие не погледнуваат нагоре.
Стојат над коритото. Кога лентата ќе се вклучи
ги пакуваат телата, десет во кутија,
со нивните опашки вкрстени како во света тајна.
Мртвите риби паѓаат послушно.
Сјајните крлушки што се лепат
закачени за образите и зглобовите,
светат и часови подоцна, во темната соба.
Пакувачките велат дека чувствуваат
портокалова мрест меѓу прстите,
мирисаат повеќе на сол отколку на праски. 

 Превод: Моника Стојановска 

Erica Funkhouser е американска поетеса.

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото