Пцујам за да не полудам!

01.06.2015 02:02
Пцујам за да не полудам!

Сите колеги новинари, политичари, интелектуалци, ме замолуваат да не пцујам толку. Некои ме прашуваат зошто го правам тоа. Секогаш им велам дека тоа го правам за да не полудам!

Нивото на злоба и злостор кој ѝ се прави на оваа нација ме полудува! Јас сум човек кој не трпи неправда, така сум воспитан. Гневот, пак, не можам да го вентилирам преку вила надвор од Скопје, удобен живот, шопинг, убава вечера во ресторан, нова облека, нова кола, нов мебел итн., затоа што немам пари, ниту сега ги заработувам, ниту имам заштеда од порано.

Јас ја живеам ситуацијата во која е народот, а тој колне, пцуе и пизди до коска. Но, голем дел од народот е излажан. Елитите, пак, знаат што се случува, но се вентилираат со викенд до Солун, вечера во Фуфо, одмор на море, шетање по Европа и светот, удобноста на своите вили и големи станови и длабок џеб од сега или од порано, кога биле на добри позиции во општеството.

Затоа пцујам, за да не полудам. И затоа пцујат и многу други како мене, само не ги слушате. Јас имам медиум, па затоа мене ме слушате, нив нема кој да ги пренесе за да ги чуете.

Сакав ова да се знае, затоа што гледам дека сите за тоа ме критикуваат - многу сум бил вулгарен. Човечки е нервозата од ова што му се прави на овој народ да предизвика кај мене гнев и лутина. Вие што не пцуете, или сте од камен или имате добар стрес менаџмент. Долго ќе живеете! Ви завидувам ако сте во втората група, а ако сте неутралци, пизда ви материна!

Значи, овој сајт за мене не е само начин да заработам за леб, туку ми е и издувен вентил за да не полудам. Сега, кога е јасно, одиме понатаму...

Извор: Мактел