Совршена дресура: кинески полициски кучиња чекаат ред за храна

15.06.2015 11:18
Совршена дресура: кинески полициски кучиња чекаат ред за храна

Овие полициски кучиња во Кина покажуваат неверојатна дисциплина застанувајќи во ред и чекајќи храна, додека ги држат чиниите со забите. Дресираните кучиња можат да извршуваат разни задачи, како откривање бомби со душкање, вклучување и исклучување на светлото, па оттука, за многумина ваквата слика не е ниту изненадувачка, ниту шокантна.

На фотографијата подолу, која датира од 1940 година, прикажани се кучиња на финската гранична патрола кои се застанати во иста линија како кинеските кучиња, што само ја потврдува можноста за постигнување неверојатни резултати со соодветна дресура.

Извор: RocketNews24