1013 hPa
100 %
4 °C
Скопје - Пет, 26.04.2024 04:59
Отворање школки
Како најлесно се отвораат школки?
-Ги ставаш пред телевизор и чекаш малку додека не почнат да се прозеваат.
Зошто морето не се прелева
Зошто морето не се прелева преку сите брегови?
- Бидејќи во него има сунѓери.
Погрешно
Кој збор секогаш се изговара погрешно?
- Погрешно.
Камуфлажа
Кое куче се огласува со „Мјау“?
- Камуфлирано полициско куче.
Мал си за тоа!
Што му рекол големиот оџак на малиот?
- Премногу си мал да пушиш!
Познајник
Што е познајник?
- Особа која доволно добро ја познавате за од неа да позајмите пари, но која недоволно ја познавате за вие нејзе да ѝ позајмите пари.
Темна комора
Зошто глупак чува прегорени сијалици?
- За да ги употребува во темна комора.
Ни да имаш, ни да изгубиш
Што е тоа што ниеден маж не сака да има, но не сака ни да го загуби?
- Ќелава глава.
Прасе за Нова година
Што најмногу ве радува при дочекот на Новата година?
- Тоа што не сте прасе.
Фрустрираното девојче
Кој ги измислил чевлите со високи потпетици?
- Девојчето коешто малку пред тоа го бакнаа в чело.
Будност
Што треба да се прави за да се остварат сништата?
- Треба да се остане буден.
Тело во вода
Што се случува кога човечкото тело ќе се потопи во вода?
- Заѕвонува телефонот.
Тесни чевли
Како своите маки да ги сведете само на една?
- Облечете тесни чевли.
Спиење на волан
Што треба да правите за никогаш да не остарите?
- Треба да спиете на волан.
На прсти
Како монструмот брои до петнаесет?
- На прсти.
Уф, уф, уф!
Кој при чекорењето зборува: „Уф, уф, уф, уф, уф, уф, уф, уф“?
- Октопод во тесни чевли.
Излегување од мода
Какви чекори се слушаат од шкафот?
- Женските чевли излегуваат од мода.
(продолжува)
Гифови: James Kerr