Големата уметност се раѓа од голема мака

19.03.2010 16:53
Anais-Nin-1.jpg

Анаис Нин (1903-1977) е француска писателка која е пред сè позната по своите еротски прози и дневници, кои почнала да ги пишува која имала 11 години, а опфаќаат период од повеќе од 60 години.

Животот се стеснува или се шири во зависност од храброста на оној што го живее.

Мојот дневник е мојот кејф, мојот хашиш, моето луле со опиум. Мојата дрога, мојот порок.

Колку е погрешно кога жената очекува мажот да и’ го изгради светот што го посакува, наместо самата да си го создаде.

Ја одложувам смртта со живеење, со страдање, со правење грешки, со ризикување, со давање, со губење.

Секој пријател преставува посебен свет во нас, свет кој не би се родел доколку пријателот не пристигнал. Единствената причина за неговото постоење е токму оваа средба.

Јас сум лесно возбудлива личност која животот може да го разбере само поетски, музички, личност кај која чувствата се многу посилни од разумот. Имам толкава жед за чудесното што само тоа има влијание врз мене. Сето она што не можам да го претворам во нешто чудесно, го оставам настрана. Реалноста не ме импресионира. Верувам само во инфицирање, во екстаза, а кога обичниот живот ќе ме окова, јас бегам, на овој или оној начин.

Нештата секогаш се плод на прекумерност: големата уметност се раѓа од голема мака, од голема осаменост, од големи инхибиции, и секогаш прави рамнотежа меѓу нив.

Љубовта никогаш не умира од природна смрт. Умира зашто не знаеме како да го надоместиме нејзиниот извор. Умира од слепило, од грешки, од имами. Умира од болест и рани; умира од невнимание, од лишување, од обезбојување.

Работите не ги гледаме онакви какви што се, ги гледаме онакви какви што ние сме.

Луѓето што суштински живеат не се плашат од смртта.

Сонот секогаш трчал пред мене. Да го фатам, да доживеам еден миг со него, во тоа се состои чудото.

Единствената ненормалност е неспособноста да се сака.

Прочитајте и: Изјавите на Вуди Ален

ОкоБоли главаВицФото