Леќата на Медеја

12.11.2015 17:55

Таа не е жена туку магија -
Влегуваш како сончев сјај или призрак
Во копнежливата нејзина омраза.

Таа е прозорец земен од сонцето -
Доаѓаш горд, јак, слободен
Во зналечките нејзини раце,
Како оружје.

Таа целата е од стакло. Леќа.
Твојот оган ќе го вовлече во себе,
Во темната своја убавина,
Обсидијанските очи,
Да грли, возбуди, гали, залуди,
Дур не прозбориш со сончеви млазови,
Војниците лежат запалени
По улиците.

Препев: П. В.

К. В. Трусдејл (C. W. Truesdale, 1929-2001), американски поет, роден во Сент Луис. Бил фармер, предавач на колеџ, издавач.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото