Уседелица

13.11.2015 17:42

Избирлива таа мома сега
За време на свечената априлска прошетка
Со својот последен просител
Одеднаш беше страшно погодена
Со разузданата птичја врева
И гнездото од лисја.

Од шумовите тие навредена таа
Забележа како движењата на нејзиниот љубовник го тревожат воздухот,
А неговиот чекор шеколка превртлив
Низ бујната дивина од папрат и цвеќе.
Таа го осуди дармарот на латиците,
Целото годишно време, немарниот работник.

Колку жудно тогаш зимата ја посака!
Совесно строга во нејзиниот поредок
Од црн и бел
Лед и камен, секое чувствување внатре во границите
И студена дисциплина на срцето
Прецизна како снегулка.

Но овде - пупење
Доволно хировито да ги забоде петте нејзини кралски досетки
Во простачкото шаренило -
Неверството не се поднесува. Нека идиотите
Се спрепкаат од вртоглавица во лудата куќа на пролетта:
Таа отмено се повлекува.

А околу домот свој подига
Таква барикада од шилци и проверки
Против бунтовничкото време
За ниеден бунтовен маж да не се понадева
Да ја сруши: со клетва, тупаница, закана,
Или со љубов, исто така.

Препев: П. В.

Силвија Плат (Sylvia Plath, 27 октомври 1932 година - 11 февруари 1963 година), американска поетеса и писателка. Нејзино најпознато дело е романот „Стакленото ѕвоно“ (The Bell Jar) што е полу-автобиографска книга за нејзината борба со клиничката депресија. После самоубиството во 1963, таа добива статус на икона и се смета за една од најзначајните поетеси на 20 век.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото