Врата

09.12.2015 19:49

Врато, којашто толку пати се отвораш,
Кажи ми кој влегувал и излегувал преку прагот?
Чија насмевка ти е најмила?
Чија рака полека те подотвори?
Кој те тресна кога исчезна?

Врато,
Колку пати си зачкрипела при отворањето?
Ти си ги криела и болеста и мирот и радоста,
Си ги познавала сите што си ги затворала
И будна си била до доцна во ноќта, зад белите зори.

Врато,
Ти знаеш дека секогаш на доаѓање в зори
Чекорев полека, насмевнат, со цвеќе в рака,
И молев треперејќи
Да ме затвориш со нејзе
Со мојата љубов и жената моја.

И тоа што тогаш го затвори,
Стана песна, стана сон.

Препев: П. В.

Емил Исак (Emil Isac, 1889-1954) е романски класик, роден во Клуж. Како млад соработувал со симболистичките книжевни списанија, како и со работничкиот напреден печат. Подолго живеел во странство. Ги преведувал Е. А. По и Оскар Вајлд. Во неговата разграната поезија можат да се најдат романтичарски хајнеовски одгласи, бодлеровска атмосфера, понекоја нота од По и - во песните и во прозата - куси и отсечни цртички од вајлдовски тип.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото