Против диктатурата на еднозначноста

20.02.2016 18:15
Против диктатурата на еднозначноста

...инсистираше дека човекот мора постојано, до исцрпување да биде посветен читател на светот, бидејќи читателот е оној кој го креира светот толкувајќи го, менувајќи го, откривајќи ги неговите значења, кои се наоѓаат отаде видливото, отаде првичниот слој на препознавање. ја љубеше страствено уката за знаците, означените и значењата... ни кажа дека светот е „отворено дело“, во постојано допишување, јазично и мисловно ре-воспоставување, преозначување. највозбудливиот семиотичар на сите времиња, кој во сите големи историски наративи (инквизиција, Византија, фашизам...) успеа да го расветли, да го означи и преозначи она што останатите сакаа да го прикријат. ни ја подари „розата“ за значењето на црквата, која за да владее сака да ја скрие смеата, ни дошепна дека Аристотел политиката и моќта ги означува и преозначува преку структурата на комичното, ни ги покажа разузданите слоеви на Византија кои доведоа до нејзиното пропаѓање, нѐ подучи дека критиката е нужност и должност која интелектуалецот треба да ја практикува храбро и секојдневно... ги исцрта нужните траектории на историјата - политиката - уметноста - естетиката како неодвоиви нишки на „архивите“ на секоја интимна и колективна нарација. ни ги протолкува во поинаква значенска перспектива фактите за фашизмот, кои, според него, владеат и денес и се длабоко вкотвени во секоја пора од нашите мали животни истории... си заминуваат еден по еден сите оние кои му даваа на овој целосно обезначен и обезвреднет свет, темелити значенски вредности. допрва следат бесмислени и испразни времиња... но пред да дојдат, да прочитаме и да си припомниме како зборуваше тој, кој живееше за светот и неговите скирени значења...

http://www.pegc.us/archive/Articles/eco_ur-fascism.pdf

Извор: Фејсбук профилот на авторката

ОкоБоли главаВицФото