Речник на прифатени идеи

27.04.2010 13:53
Речник на прифатените идеи

Овој речник може да се нарече „Ѓаволовиот речник на Гистав Флобер“. Се појавил како додаток на недовршениот роман на Флобер „Bouvard et Pécuchet“ (Бувар и Пекише) кој бил објавен по неговата смрт, во 1881 г. во списанието La Nouvelle Revue.

Денес ќе ви го претставиме првиот дел од изборот на силните иронично-цинични забелешки на познатиот француски писател.

АБСИНТ. Многу силен отров: една чаша и ти си мртов. Новинарите го пијат додека пишуваат. Убил повеќе војници отколку Бедуините.

АВТОРИ. Ако знаеш еден, ги „знаеш сите“, и никогаш не се битни нивните имиња.

АНГЕЛ. Посебно погоден за љубов и литература.

АНГЛИЧАНИ. Милионери.

АНГЛИЧАНКИ. Изразете изненаденост ако имаат убави деца.

АНТИКВАРСТВО (и сето она што е поврзано со него). Застареност, ужасна досада.

АНТИКВИТЕТИ. Секогаш модерни фалсификати.

АНТИХРИСТ. Волтер, Жил Ренан...

АРИСТОКРАТИЈА. Ја презираме и и’ завидуваме.

АРМИЈА. Заштитен бедем на општеството.

АРХИТЕКТИ. Сите се идиоти: секогаш забораваат да ги стават скалилата.

АРХИТЕКТУРА. Постојат четири правци во архитектурата. Се разбира, ако ги занемариме египетскиот, киклопскиот, асирискиот, хинду, кинескиот, готскиот, романтичарскиот итн. итн.

АСТРОНОМИЈА. Прекрасна наука. Ја употребуваат само морнарите. Кога веќе ја споменуваме, секогаш треба да се исмева.

АТЕИСТИ. Нација составена од атеисти не може да преживее.

БАЈАДЕРА. Збор кој предизвикува сласт. Сите ориентални жени се бајадери.

БАЛОНИ. Благодарение на нив, еден ден човекот ќе стигне до Месечината. Но ќе помине многу време додека научиме како да управуваме со нив.

БАНКАРИ. Само милионери. Левантинци. Волци.

БЕТОВЕН. Не го изговарајте Битовен. Секогаш доживувајте силен наплив на чувства кога ќе се свират неговите дела.

БИТКА. Секогаш крвава. Секогаш постојат два вида на победници: оние кои победуваат, и оние кои губат.

БРАДА. Знак на моќ. Ако израсне премногу цврсто, може да предизвика ќелавост. Помага при заштитата на крагните.

БРОНЗА. Метал на класичните времиња.

ВАГНЕР. Кикотете се кога ќе го слушнете неговото име и кажувајте вицови за музиката од иднината.

ВАЛЦЕР. Восочна огорченост поради нешто. Похотен, развратен танц кој треба да го играат само стари дами.

ВЕТЕРНИЦА. Изгледа добро на пејзаж.

ВОЗДИШКА. Мора да се испушти во присуство на жена.

ГЕНИЈ. Нема смисла да му се восхитуваме – се работи за невроза.

ГНЕВ. Ја зоврива крвта: здраво е повремено да му се препуштаме.

ГОСПОД. Волтер и самиот признал: „Ако не постои Господ, тогаш ќе мора да се измисли“.

ГРБ. Едно плескање по грбот може да предизвика туберколоза.

ГРЧКО. Сето она што некој не може да го разбере е грчко.

ДАРВИН. Типот што вели дека сме изрипале од мајмуните.

ДЕЛФИН. Носи деца на грбот.

ДЕЦА. Покажувај знаци на страствена приврзаност кон сите деца кога те гледаат другите луѓе.

ДИПЛОМА. Амблем на знаењето. Не докажува ништо.

ЕРГЕНИ. Егоцентрици и гребатори. Би требало да се одданочуваат. Патуваат кон осамена старост.

ЖИВОТНИ. Кога само би можеле глупавите животни да зборуваат! Многу почесто од паметните луѓе.

ЗАГОВОРНИЦИ. Чувствуваат силен порив да ги запишат своите имиња на список.

ЗАКОН. Никој не знае што е тоа.

ЗДРАВЈЕ. Премногу здравје предизвикува болест.

ЗЕМЈОДЕЛЦИ. Што би правеле без нив?

ИДЕАЛИ. Совршено бескорисни.

ИДЕОЛОГИСТИ. Секој новинар е идеологист.

ИДИОТИ. Сите оние кои се разликуваат од вас.

ИЛУЗИИ. Стреми се да имаш што е можно повеќе, жали што си ги изгубил сите.

ИМОТ. Еден од темелите на општеството. Посвет и од религијата.

ИМПЕРИЈАЛИСТИ. Сите чесни, учтиви, мирољубиви и шармантни луѓе.

ИНОВАЦИИ. Секогаш опасни.

ИНСТИНКТ. Ги извршува обврските на интелигенцијата.

ИТАЛИЈА. Мора да се види веднаш по стапувањето во брак. Многу е разочарувачка – ни приближно убава колку што велат луѓето.

ИТАЛИЈАНЦИ. Сите музикални, сите подмолни.

ЈАЈЦЕ. Појдовна точка на секое филозофско предавање за потеклото на животот.

ЈУЖЊАЦИ. Сите се поети.

КАМШИК. Збор кој ги навредува сите Руси.

КАТОЛИЦИЗАМ. Извршил позитивно влијание врз уметноста.

КЛАРИНЕТ. Свирењето кларинет предизвикува слепило: сите слепци свират кларинет.

КЛАСИЦИ. Мораш да ги знаеш сите класици.

КНИГА. Секогаш предолга, без разлика на темата што ја обработува.

КОЖА. Цела кожа доаѓа од Русија.

КОЛЕРА. Се фаќа со јадење лубеници. Лекот за неа е многу чај со рум во него.

КОМЕДИЈА. Ако е во стихови, повеќе не одговара со нашето време. Сепак, високата комедија бара почит – бидејќи го подобрува расположението низ смеење.

КОМЕТИ. Исмевајте ги нашите предци кои се плашеле од нив.

КОНЦЕРТ. Добар начин да убиеш време.

КОЊАК. Најбезопасен. Одличен лек за многу болести. Добрата голтка коњак никогаш не наштетила некому. Испиен пред појадокот, ги убива сите црви во утробата.

КОРАН. Книга целосно за жените, од Мухамед.

 

Продолжува...

Извор: Извор: scribd.com

Илустрации: Raul Gomez

Odlichna kniga!

Odlichna kniga!

 Посебно е добро тоа за

 Посебно е добро тоа за Астрономијата... Мислам... да се исмејува.

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото