Додека паѓа дожд

28.06.2016 10:37

Додека паѓа дожд се прекорувам себеси за нерешителноста:
„Нерешителноста“, велам, „не е доблест
и еден ден ќе зажалиш
што толку лесно ѝ ги препушташе работите.“
Но, така е тоа во младоста,
така е тоа со секој од нас.
И додека влажниот мирис на дожд ни ја исполнува секоја пора,
не мислиме ништо,
убедени,
иако тоа никој не ни го рекол,
дека ќе живееме вечно.

Превод: П. В.

Да не е писател Д. А. би бил зен градинар и би пишувал хаику.
Греблото би било негов најверен пријател.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото