Киселини

29.06.2016 10:03

Умре човекот кој секој ден
Го чистеше тротоарот пред својата куќа.
Со големата метла со дрвена дршка
Собираше лисја и гранчиња, семки и пикавци,
И тогаш ги уфрлаше во кантата
Што му стоеше кај задната врата,
Зад куќата.

На крајот од животот сите стануваме чистачи
И вооружани со метли го средуваме помнењето:
Нешто заминува во заборав,
Нешто се става в џеб,
Нешто се подарува на сосед,
А она со што не знаеме што да правиме
Се бутка под жива ограда само да не се види.

И додека го посматрам неговиот мрачен дом, се прашувам
Дали и сега некаде чисти или најпосле
Решил да се одмори?
Се присеќавам на неговата упорност кога го чистеше
Лисјето влажно по дождот кое се лепеше за асфалтот,
Одбивајќи да му се покори.
Помислив тогаш дека добро би му дошла
Брезова метла.

Никогаш, меѓутоа, тоа не му го реков
И сега тоа ме мачи како полноќна киселина,
Како тивка, постојана болка.

Превод: П. В.

Да не е писател Д. А. би бил зен градинар и би пишувал хаику.
Греблото би било негов најверен пријател.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото