Школката е оган на морето

30.06.2016 10:40

Школката е оган на морето.
По цел ден чекори преку вжарени јагленчиња,
но никаква нелагодност не ѝ се гледа на лицето.
Има, се разбира, такви кои ја порекнуваат секоја можност
школката да има физиономија, благи очи и набабрени усни,
меѓутоа, многумина од нас, оние што не се родени крај море,
веруваат дека школките знаат многу повеќе
отколку што тоа го признаваат родените крај море.
Од таа разлика може да се изроди една мала војна,
толку мала што дури не влегува во учебниците по историја,
но која сигурно ќе ги десеткува школките
и ќе придонесе тие да се повлечат во длабоката вода,
каде што ќе заборават да говорат,
а ни очите нема да им бидат потребни
бидејќи никој ионака не може да го опише мракот.

Превод:П. В.

Да не е писател Д. А. би бил зен градинар и би пишувал хаику.
Греблото би било негов најверен пријател.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото