Девојките од Place Blancheu

18.08.2016 12:59
Девојките од Place Blancheu

Шведскиот фотограф Кристер Стромхолм живеел во Париз во педесетите и шеесетите години, во времето кога претседателот Шарл де Гол повторно го воведува триста години стариот закон со кој ги казнува сопствениците на јавни куќи кои им овозможуваат на проститутките да работат во нивниот имот, одземајќи им го истиот.
Стромхолм почнал да експериментира со формата на уличната фотографија, бележејќи го она што многумина не се осмелиле. За брзо време станал соучесник во „забранетото“ на Place Blancheu, а пријатели му биле проститутките, трансексуалците и транвеститите кои ги фотографирал.

На трансексуалците во тоа време во Париз не им било многу полесно отколку во малите градови, од кои многумина од нив избегале. Не можеле да добијат социјална помош или нормална работа, затоа што со изгледот не одговарале на документите за лична идентификација.

Бидејќи општество им свртело грб, почнале да ги продаваат своите тела. Со доволно заработени пари, се надевале дека ќе стигнат до Казабланка, каде што законски можеле да направат операција за промена на полот.

Книгата Les Amies de Place Blanche, која покрај фотографии вклучува и есеи, Стромхолм ја објавил во 1983 година.

„Ова е книга за несигурноста. Портрет на оние кои во Париз живеат поинаков живот, луѓето кои ја трпат грубоста на улицата. Ова е книга за понижувањето, за мирисот на курвите и ноќниот живот. Ова е книга за потрагата по сопствениот идентитет, за правото на живот, за правото на контрола над сопственото тело. Ова се слики на жени - биолошки родени мажи - кои ги нарекуваме трансексуалци. Што се однесува до мене, јас ги нарекувам „моите пријатели од Place Blanche“ – вели авторот.

Извор: www.messynessychic.com

ОкоБоли главаВицФото