Кловновите на Европа

21.11.2016 12:23
Кловновите на Европа

Шетаат низ Европа како аквизитери на кретенизирани Македонци.

„Можете да ги фиксирате во бетон покрај подвижните ленти и тие ќе работат 24/7 за мало шише чешмовача и осминка бурек со пикавци“, ги презентира можностите за бизнис во Македонија, лидерот на најбогатата злосторничка организација во Европа, пред портирите во германските компании.

„А колку пари е бетонот“, ќе прашаат германските портири.

„Не би можел да ви кажам колку пари е бетонот во Македонија, но тоа не е ни важно бидејќи тој трошок оди на сметка на македонската влада, односно самите кретенизирани Македонци си ја плаќаат својата бетонска фиксација“, објаснува Груевски.

Љубопитството, интересот и партиската солидарност, а најмногу правилата на протоколот и пристојноста на домаќините, формираа на времето класичен ритуал на европските пречеци на Никола од Македонија, неоткриентиот преварантски технократ, реформатор и надеж на европската конзерватива.

Денеска човекот ја влече со себе нагло остарената дружина за која Европа знае дека во релативна смисла е групата на најголемите и најсуровите мирновременски злосторници во повоената историја на континентот!

Ја влече по чајните кујни на третите секретари на партиските филијали или на компаниските експозитури кај што ги примаат само затоа што на домаќините тоа им го налага традиционалната воздржаност пред несомнените злосторници на кои им фали само уште пресуда, демек, ја почитуваат презумпцијата на невиноста како последно прибежиште на злотворите.

И затоа рангот од нивна страна е подрумски!

Тој ранг е одмаздата на Европа.

Тој статус на кловнови на Европа е фазата на забава пред конечната пресуда.

Груевски и вмровската делегација сега се во статусот на мртов глушец со кој европската мачка си игра пред да го изеде.

На некој начин жално.

Тие знаат дека домаќините на нив гледаат како на злосторници. Како психопатологијата да им има отворено некое дупче и тие добиваат свест за тоа дека правеле нестварни злосторства и дека Македонија и светот тоа го знаат. Тоа се гледа по нивното движење и држење, по нивните фаци, по тврдите и изнасилени насмевки, по гестикулациите. По стравот што им се гледа на лицата. Прошетката е само за да може некоја камера што ја влечкаат со себе да ги сними, да дадат некоја изјава, надевајки се дека уште еднаш ќе ги импресионираат простите граѓани во Македонија. Обаче, неќе моќи проќи, финито, енде, крај, конец филма!

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слика: Свирачиња