Приказна над гробот

13.12.2016 12:09

Во нашето време кое би течело и доколку луѓето не знаеја за секунди и минути, живееја, во една земја чие име не е во нашата приказна, двајца браќа, школувани, Метиќи, кои му сакаа добро на својот род и на својот крај.
Шпиони на круната фрлија око на нив, а круната ги зеде на заб.

Им подметнаа кражба. Ги осудија браќата Метиќи. Ги погубија.

Никој од нивниот род не кажа ни црно ни бело. Никој не се побуни. Луѓето креваат раменици. Никој не ги спомнува пукотниците кои, ноќта, се слушнаа над градот. И ничија воздишка за Метиќи не го изгаси кандилото во собата.
Никој ни да шепне: „На Божја правда“.

Низ целиот крај барабанџијата ја разгласи наредбата на властите сите полнолетни да одат на погребот на Метиќи. За памет. Да видат како може да заврши секој кој мисли дека може онака, а не вака.

Гроб до гроб, еднакви во должината, еднакви во длабочината, еднакви во ширината. Прво го спуштаат постариот Метиќ. Па помладиот.

Постариот ја сврте главата лево – прогледа.

Помладиот ја сврте главата десно – прогледа.

Еден кон друг гледаат, а меѓу нив земја.

Народот, над гробот, скаменет, но никој не проговори за чудото на овие праведници. И оџата, се прави дека не гледа како мртовците прогледаа, и како преку земјата се гледаат еден со друг.

И денес зборуваме за тоа чудо – како Метиќи се гледаа од гроб во гроб, а ние, која сорта сме, не сме ни заслужиле да нè погледнат.

Превод: Лавинија Шувака 

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото