Траги

10.12.2016 14:32

Некоја друга приказна зборува за тоа зошто Омер се одметнал, кројачот кого го родија па потоа го проколнуваа мајка му и татко му. Некоја друга приказна зборува за тоа колку луѓе убил Омер. И како се треселе полицајците и доушниците наслутувајќи ги чекорите на Омер.

Се одметна Омер во една сабота во векот дваесетти. Носеше пушка. Отиде во шума без корка леб. Љубомора! Сакаше на сите да им каже нешто. Да докаже. Тоа нешто беше во неговата глава. Го бркаа дење. Го бркаа ноќе. Распишаа награда. Весниците јавуваа за кројачот кој се одметнал, те грабеж, те пресретнал некого, те убиство. Го бараа со нишани. Не им веруваше на јатаците. Не ѝ веруваше на својата сенка.

Вториот ден од своето одметништво Омер, на пат, му грабнал три пара чевли на некој чевлар.

Веднаш смисли!
Ги исече ѓоновите од едните чевли и ги сврте наопаку. Петицата онаму каде што се прстите, а прстите онаму каде што на ѓонот ѝ е местото на петицата.

Чекореше во тие чевли и оставаше траги.

Џандарите ги гледаа трагите.

Го бараа таму од каде што доаѓаше.

Омер безгрижно убиваше, грабаше, подаруваше, љубеше, пресретнуваше и го преплашуваше народот, се мајтапеше...
Кога еден од јатаците на Омер им издаде на властите какви чевли носи Омер, му се доближија џандарите, замалку го фатија, но Омер облече нови чевли. Како и сите.

И пак го бараа таму од каде што доаѓаше.

Превод: Лавинија Шувака 

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото