За мрачните соби и мажите во нив

28.08.2018 17:39

Ти чекаш јас да те викнам во мрачната соба и да те соблечам зашто веќе имам доволно години и треба да го знам тоа за мрачните соби и машките во нив
Ти знаеш дека јас сум од оние жени што ги соблекуваат другите и самите себе и најпосле легнуваат крај тебе како да ќе умрат и дека од тие
грчовити движења им зависи животот оти ако не умрат чуму сето тоа
Ти мечтаеш за миговите кога си нежен кога си груб кога јас исчезнувам
во твоите раце и се преобликувам во нешто друго во мајка во сестра
во омилената професорка во докторката што ти ги вадела крајниците
во колешка од работа со големи гради
во живот во смрт во сѐ она што го сакаш и мразиш и во што си сакал да исчезнеш да се влееш да бидеш да не бидеш
И би можел толку лесно да ме убиеш само ако проговорам и те потсетам на тоа
дека сум твојата жена

Превод: Тихомир Јанчовски

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото