Вистина

14.12.2016 14:22

Меѓу нас имаше еден Шемко, русокос, лажго кој секому се смееше и секого тапкаше по рамената. Лажеше дење и ноќе, за сè и сешто, и се прочу неговата лага па, одамна, никој не му веруваше ни половина збор.

Еднаш дотрча Шемко пред крчмата и му вика на еден од играчите на карти: „Ти гори куќата! Гасете! Побрзо!“

И сите само се насмеаа и продолжија да делат и фрлаат, да собираат и губат.

А кога го здогледаа чадот како се качува по небото, потрчаа, но веќе беше доцна.

Тогаш ги извадија колците од оградите, па по Шемко, удри и удри за сè што лажел – наеднаш.

Скапо го чинеше вистината.

Превод: Лавинија Шувака

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото