1015 hPa
94 %
12 °C
Скопје - Сре, 08.05.2024 03:59
Малата кукла, марионета-амајлија, потскокнува покрај мојот прозорец нишана од ветрот. Дождот го намокрил нејзиниот фустан, од нејзиното лице и од нејзините раце се избришала бојата. Таа дури ја загубила едната нога. Но нејзиниот прстен останал, а со тоа и неговата моќ. Зиме таа удира во џамот со своето ноже обуено во син чевел и танцува од радост, игра за да го згрее своето дрвено срце на амајлија-носителка на среќа. Ноќе таа ги крева своите молбени, своите преколнувачки раце кон ѕвездите.
Превод од француски: Влада Урошевиќ
Слика: Јоана Крузе