Е, стварно се лудаци!

06.07.2017 10:21
Е, стварно се лудаци!

„Сè посилни се земјотресите во охридско-преспанскиот регион кои централната власт предводена од СДС ги игнорира и се однесува како да не постојат“ – соопшти партијата чии лидери и стотици нивни послушници се под истрага или под обвинение за тешки криминали. Е, стварно се лудаци! Има право благајникот на фашо-мафијата Ставрески. На тоа соопштение му фали само уште да кажат дека СДСМ, всушност, ги предизвикува земјотресите.

Не престануваат да се однесуваат како ништо да не било, како да не се одговорни за тивкиот ужас низ кој помина земјава во изминатата деценија. Велам тивкиот ужас, бидејќи беа доволно итри да го држат својот арамилак под радарот во првите неколку години, но не помалку и поради општата корумпираност и покорноста кај луѓето.

Само како пример... Тажно е да се види човек во години, како се понижува и гази врз сопственото достоинство. Речиси дооден, Ристо Никовски стана никоговски, но сеедно ја вергла својата глупава приказна пред камерите. Такви како оваа злокобна и искубана врана, па и полоши, се редат во ТВ програмите, како на лента. Не се потполно глупави, иако најчесто изгледаат така. Но, затоа се подмолни и упорни. И ја користат чудната, да не кажам, симптоматична, наивност на редакциите, па ги оставаат да си ја пеат својата песна, без ниеден критички тон, без ниедно вистинско прашање. Ќе им текне ли на редакциите дека, во убиството на дебатата и политичкиот дијалог во општеството, соучесници беа токму тие кои сè уште парадираат низ етерот? Како да се во Сител, Канал 5, Нова и сличниот медиумски измет, сега се раширија низ целиот медиумски простор.

Никогаш не биле релевантни. Штетни, полни со лаги и омраза, дивееја една деценија. И сега, наместо да чучат во некое ќоше и да се молат да не падне светло на нив, тие останаа под рефлекторите. Затоа, ако секој ден тресат ноторни глупости во своите соопштенија, не значи дека секој ден мора да ги слушаме и гледаме. Кога невладините организации кои се занимаваат со вистински теми издаваат соопштение, се внимава да не им се даде премногу простор, да не бидат здодевни. Но, секој виц на фашо-мафијата кои продолжуваат да си поигруваат со целата земја, мора да стаса во првите вести.

Не знам што повеќе да кажам. Мислам дека е сосема јасно. Дали е мрза, инертност или нешто сосема друго не знам, но не ми се допаѓа. Очекувам, душегрижниците да кажат дека заговарам цензура, но тоа никогаш не сум го направил, ниту ќе го направам. Нема потреба ни да објаснувам колку е така. Само сум непријатно изненаден од отсуството на критички дух и одговорност што ја имаат медиумите пред јавноста. Ако има јавност... Можеби допрва треба и неа да ја обновуваме.

Извор: Плусинфо
Слики: Свирачиња