Оукленд сака марихуана индустрија

22.07.2010 14:13
Оукленд сака марихуана индустрија

Градскиот совет на Оукленд донесе одлука која би можела овој град да го направи првиот индустриски центар за одгледување марихуана.

Планот дава овластувања за четири потенцијални огромни фабрики за марихуана, но не дава никакви законски одредби за стотиците одгледувачи кои сега ги снабдуваат четирите диспанзери во Оукленд и создаваат вкупна годишна продажба во вредност од околу 28 милиони долари. Советот вети дека ќе развие план за одгледувачите пред официјално да доделат дозволи за индустриско производство на марихуана идната година.

„Ова е голем чекор за нас“, изјави Дејл Џеринџер за Л.А.Тајмс, жител на Оукленд и долгогодишен претседател на калифорниската организација NORML, која ја поддржува легализацијата на марихуаната. „Тоа навистина нè поместува во ерата на индустриски операции и Оукленд сака тоа да биде навистина огромен потфат.“

Гласањето на советниите на Градскиот совет помина во корист на крупните бизнисмени кои тврдат дека овој потег ќе создаде од овој град американска силиконска долина на марихуаната, ќе создаде нови работни места и ќе создаде нови даночни приходи.

Предлогот предизвика жолчна дебата во Оукленд – дали градот треба да биде во бизнисот кој решава кој ќе биде марихуана могулот во САД. Годишната дозвола ќе чини 211 000 долари, што претставува висок износ за малите одгледувачи. Тие се плашат дека по години ризикување федерално гонење ќе бидат преку ноќ исфрлени од работата во мигот ког Оукленд сака да го легализира одгледувањето марихуана.

Меѓутоа, Ребека Каплан и Лери Рид од Градскиот совет сакаат градот да воспостави строга контрола над одгледувањето, вклучувајќи го и основањето градска инспекција која ќе го надгледува производството. Тие предвидоа и механизми на наплата на даноците чиј милионски износ ќе се слева во градската каса.

Овој град беше првиот кој воведе данок на марихуана во висина од 1,8% од нејзината вредност, но сега размислува да ги праша гласачите за да се одобри значително зголемување на данокот.

Големите компании нема

Големите компании нема никогаш да го дозволат ова. Само тутунската и алкохолната индустрија годишно донираат стотици милиони долари за лобирање против конопот, да не зборувам за индустријата за хартија, пластични материјали, или, (не дај боже) „крупните бизнисмени“ кои стојат позади вистинските причини на „благородната мисија“ на САД за инсталирање демократија во Авганистан - опиумот. Прочепкајте малку по интернет за "The Marijuana Conspiracy", изгледајте ги документарците "Grass" и "The Union" (и двата ги има на Гугл Видео) и може ќе ви текне зошто конопот не е легален.