Сириската граѓанска војна, најкрвавиот конфликт на Блискиот исток

28.03.2018 02:15
Сириската граѓанска војна, најкрвавиот конфликт на Блискиот исток

Сирија... Земја на спротивности. Таква била уште од времето кога на нејзиното тло се провлекувала 100 вековната граница помеѓу Партијата и Римското царство, на нејзините периферии се создавале крстоносни држави, се среќавале арапските кнежества и Турците, во конфликт биле шиитите и сунитите. Првпат, со волјата на големите сили е формирана како последица на Првата светска војна и Сајкс-Пиковиот план. Мнозински сунитска и арапска, Сирија тогаш се создала со обединување на алавитското приморје, градовите во кои во голем број живеат шиитите и друзите, курдскиот север и сунитските провинции. Лишена во уште поголема мера од разновидното либанско приморје, Сирија во текот на девет децении се развивала лутајќи помеѓу монархија, федерализам, верски фундаментализам, панарабизам и авторитарен социјализам.

Кога во 1970 година на власт дошол воздухопловниот офицер Хафиз ел Асад, се чинело дека оваа држава е осудена на непостојани влади и внатрешни тешкотии. Асад и покрај мнозинството во партијата БААС и полицискиот апарат успеал да воспостави стабилна лична влада која преживеала неуспеси каква што била Јомкипурската војна од 1973 година, но и големиот бунт во градот Хами. Во 1982 година во Хами се побуниле сунитите. Градот бил опколен, а потоа улица по улица заземен од страна на војската. Во разорениот Хами останале околу 30 000 мртви. Врз масовната гробница е изграден хотел.

Владеејќи со помош на соплемениците, арапскиот национализам, преторијанската Републиканска гарда и злогласната тајна полиција Мухабарат, Асад на власт помина цели три децении. На чело на Арапската Република Сирија го наследил средниот син (постариот син загинал во сообраќајна несреќа, а братот Рифат се одметнал). Се чинело дека во 2000 година со доаѓањето на власт на офталмологот образован во Лондон, Башар ал Асад ќе започне нова ера. Наклонет кон модернизацијата и тековите во информатичката револуција, оженет со Асма која е со сириско потекло но родена во Лондон, младиот претседател изгледа дека не бил баш наклонет кон коренити промени. Ако бил, најсигурно ќе му било ако едноставно побегнел... Мултиетничката земја во која во конфликт биле големите религии, тешко дека можела да биде мирно демократизирана. Во Арапската република Сирија навистина бил воспоставен секуларизам од страна на државата, каков што не постоел во арапскиот свет. Меѓутоа, задоволството на странците кога во продавница ќе најдат, на пример, пиво, би го сменило чудењето ако забележат дека таксистите не сакаат да ги возат зашто виделе дека токму тие го направиле тоа...

Сирија е потресена од глобалната плима на верски екстремизам која почна на почетокот од 21 век. Влегувањето на армиите на САД и Велика Британија во Ирак особено ги загрози старите сојузници Русија и Иран. Атентатот на Рафик Харири во Либан донесе дел од демонстрациите кои предизвикаа повлекување на сириската војска. На преминот во втората деценија од 21 век глобалните климатски промени доведоа до сушни години. Милион Сиријци во тоа време преминаа во веќе пренаселените градови.

Хафиз ал Асад

Само еден месец откако почнаа протестите во Тунис, слична ситуација се случи и на северот од Сирија. Демонстрациите во курдските градови продолжија во бунтовниот граничен град Дара. На почетокот од март 2011 година „Денот на гневот“ и подоцна „Денот на гордоста“ на улици изведоа десетици илјади демонстранти. До крајот на април веќе беа регистрирани десетици мртви. Првобитното попуштање на режимот, и особено најавата дека кон крајот на април ќе се формира нова влада беше проследено со укинување на долготрајната вонредна состојба, само ги поттикнаа протестите. Во градовите веќе се создаваа зони во кои нема ни полиција ни агенти на Мухабарат, кога колона тенкови на Сириската армија влезе во бунтовниот град Дара.

Борбите во Дара траеја еден месец. Војската најпосле го зазеде центарот на градот, но конфликтите продолжија. Големите градови, со исклучок на Алепо и приморските алавитски упоришта, станаа места за протести и поддржувачи на конфликтот, а сиромашните четврти бази на бунтовниците. Почна граѓанската војна.

Следеа борбите во Хомс, Баниас, Тафас, Растан, Талбисех... Немирни беа предградијата на Дамаск. Во средината на јуни паднаа жртви и во Алепо, најголемиот град и економски центар на државата. Во сунитските градови се појавија добро опремени групи востаници, темелно вооружени и снабдени со супериорни средства за комуникација. Против нив власта наскоро почна да дејствува со артилериски оган и напади со хеликоптери. На 19 јуни 2011 опозицијата формираше национален совет. Во текот на летото почнаа да се пополнуваат редовите на новооснованата Слободна сириска армија. Стотици илјади демонстранти ширум државата излегоа на улиците одлучени да го соборат режимот на Асад или да го одбранат. Додека конфликтот во Дара полека стануваше постојан, војската го опколи Хомс. Истовремено, режимот го промени уставот, формално укинувајќи го монополот на власта на партијата БААС.

Кон средината на август прво саудискиот крал, а потоа и водачите на режимот на Ердоган во Турција, бараа повлекување на сирискиот режим. Се чинеше дека сирискиот режим едноставно ќе се распадне: угледните алавитски клерици се откажаа од него, не беше во состојба да организира посети на меѓународни претставници, а од резолуциите на ОН го штитеше само најавеното вето на Руската федерација. После убиството на водачот на Либиската Џамахирија Гадафи; кон крајот на октомври 2011, се разгоре. востанието во Сирија. Дури и сирискиот сојузник Иран бараше прекин на масовното убивање и поголеми слободи. Наскоро АР Сирија беше суспендирана од Арапската лига. Државите од БРИК од владата во Дамаск бараа да започне преговори со опозицијата. Кон крајот на годината веќе имаше 6 000 мртви, а опозицијата тврдеше дека во градовите на улиците последниот петок во годината (во муслиманскиот свет петокот е традиционално празничен и верски важен ден) излегоа шест милиони незадоволни луѓе.

Башар ал Асад

Сè уште се чинеше дека режимот ќе падне, а дека вооружените конфликти нема да прераснат во долготрајна граѓанска војна. Меѓутоа, и покрај немирите кои ја зафатија целата држава, истражувањата што ги спроведе една катарска организација, а ги пренесоа светските медиуми, зборуваат дека дури 55 проценти од граѓаните на Сирија не сакаат да падне режимот на Асад. После една недела борба, во десетици градови ширум Сирија, имаше стотици мртви во борбите околу Хомс и предградијата на Дамаск, Обединетите нации кон средината на февруари донесоа необврзувачка резолуција во Генералното собрание која го повика Асад да даде оставка. За резолуцијата гласаа 137 држави, а против беа вкупно 12. Сепак, против беа Руската федерација, Кина и Иран.

Во наредните месеци ширум Сирија дневно гинеа во просек помеѓу 70 и 100 луѓе. Во Дамаск се случуваа терористички напади со автомобили-бомби во кои често беа убиени или повредени повеќе стотици луѓе. Во име на Обединетите нации во конфликтот посредуваше Кофи Анан, поранешниот генерален секретар на организацијата. Првото големо примирје и почетокот на преговорите беа прогласени во април 2012 година. Сепак, откако на 25 мај 2012 година во Хула беа убиени 108 цивили, што ѝ беше припишано на војската, граѓанската војна продолжи со нов интензитет. На почетокот од јуни 2012 светот го потресоа вестите за наводни масакри во Кубаир и Марзаф, се тврдеше дека владините трупи убиле 47 цивили. Во текот на летото конфликтите беа засилени, пилотите на военото воздухопловство почнаа да бегаат во соседните држави, а амбасадорите да бараат политички азил. Дотогаш дваесет генерали дезертираа, некои од нив ѝ се придружија на Слободната сириска армија.

Во авгут 2012 дури и премиерот Хиџаб побегна во странство. Курдите почнаа да ги преземаат градовите во кои се мнозинство. Кина и Русија ја спречија третата резолуција на Советот за безбедност на ОН. Веста за погубувањето на повеќе од 300 цивили во предградието на Дамаск тие денови дополнително ја огорчи светската јавност.

Знамето на Слободната сириска армија

Се проценуваше дека на крајот од летото 2012 година режимот на Асад контролира речиси 30 проценти од територијата на Сирија. До крајот на годината Германија и САД почнаа да ја обвинуваат власта во Дамаск дека употребува хемиско оружје. Дури и официјална Русија во декември 2012 призна дека режимот на Асад ја губи војната. Проценето е дека за девет месеци настрадале повеќе од 45 000 Сиријци.

На почетокот од 2013 година во рацете на бунтовниците почнаа да паѓаат цели градови. Воздухопловната база Тафтаназ во областа Идилиб ја заземаа исламистички групи, меѓу нив и фронтот Ал Нусра познат како огранок на Ал Каеда. Кон средината на јануари 2013, Курдите ги зазедоа нафтените полиња во провинцијата Хасакех. На почетокот од мај бунтовниците го зазедоа градот Рака. Градот во централна Сирија беше првата провинциска престолнина од која беа протерани режимските сили. Меѓутоа, настојувањата на бунтовниците со големо народно востание да ги заземат Дамаск и Алепо не вродија со плод. Не успеа обидот за голем атентат на Асад и врвот на баасистичкиот режим со помош на саудиската тајна служба. Во средината на летото 2013 дојде до смирување на фронтовите. Во централна Сирија се појавија борци на ИСИС. Екстремистите кои биле дел од Ал Каеда, поттикнати од внатрешните конфликти во Ирак, почнаа да заземаат важни позиции меѓу разединетите бунтовници. Режимот со помош на либанската шиитска милиција на Хезболах успеа да се консолидира и да ја врати иницијативата. Борбите беа огорчени и САД го обвинуваа режимот дека користи хемиско оружје.

Пред почетокот на 2014 година на сите страни се очекуваа големи промени и на боиштата и во меѓународната политика.

Извор: Nedeljnik