Вие го направивте!

24.09.2010 13:36
Вие го направивте!

Една психолошка црта кај значаен дел од „преродбениците“ има и, ми се чини, важно политичко значење: тие предизвикуваат сожалување и грижа на совест.

Сум го забележал тоа и кај интернет коментарите; голем дел од поразумните луѓе отстапуваат пред агресивноста и просташтвата на „преродбениците“. Најпрвин, поумните отстапуваат просто зашто се поумни, зашто нема смисла да се расправаш со платен пропагандист или заслепен партиски војник; но, втората причина да се отстапи пред бруталноста на „преродбениците“ е зашто - што можеби е парадоксално и автодеструктивно - нам ни е жал за нив. Чувствувајќи дека полугите на моќта (знаењето, донесувањето одлуки, комплексното согледување итн.) никогаш не биле праведно распределени, понекогаш си велиме, а посебно тогаш кога сме најочајни: ајде малку најдолните нека бидат најгоре. Тоа е погонската енергија на секоја револуција. Тоа е и еден од психолошките механизми со чија помош во Македонија во моментов владее толку опустошувачка власт. Таа власт кобојаги ги претставува оние несреќници кои наводно изминативе шеесеттина години социјално биле попречувани и кои останале на дното, на сметка на „комунистичката елита“, олицетворена во нејзиниот последен симболички претставник: СДСМ.

Можеби во нашиот конкретен случај дел од делумно патолошката поврзаност меѓу „народот“ и „власта“ произлегува и од карактерниот профил на водачот; изгледа дека токму Груевски, „пастирот“, совршено го унапредил механизмот на предизвикување сожалување кај другиот. Како за сите зла, глупости и непромислености на „преродбениците“ да сме виновни сите ние, а особено оние меѓу нас кои се поспособни, поумни, посуптилни... Како да не можеме да ја поврземе одговорноста со недоветноста и бедата на оние кои владеат со нас! Како тие однапред да се амнестирани од одговорност зашто се недоветни! И зашто божем тие се жртви на системот (кој во нивната пропаганда сè уште трае) и никогаш и немале можност да научат да бидат паметни, фини и одговорни. Згора на сè, нивната подземна пропаганда вели дека паметен и одговорен човек не го личи за нашава средина, која е глупа и распашана (вели преродбеничката пропаганда, најчесто имплицитно). Имплицитната партиска пропаганда токму тоа постојано го сугерира: да, сите знаеме дека „преродбеникот“ е суров, прост, без знаења и ужасно алчен, но токму поради тоа тој е близок „до народот“! И поради тоа праведно е да владее!

Истата тактика на предизвикување сожалување и грижа на совест ја применуваат и некои семејни насилници, обично татковци; ем го малтретираат целото семејство, ем самите се чувствуваат како жртва на тоа семејство (заради тоа и тепаат). На некој извртен начин (но најчесто од немајкаде) некои жени тоа го прифаќаат и навистина негуваат грижа на совест и го сожалуваат насилникот...

Синдромов може да се нарече Риплиев, поради филмот „Талентираниот господин Рипли“, од 1999. Инфериорниот и фрустрираниот Том Рипли со помош на цела низа перфидни сплетки, но и со многу насилство, станува господар на целиот контекст во кој до вчера бил никој и ништо, невидлив медиокритет што предизвикува сожалување. Да потсетиме: Рипли е дечко со скромно потекло кој случајно се запознава со Херберт Гринлиф, сопственик на бродоградилиште. Рипли лажно се претставува како колега од Принстон на Хербертовиот син, Дики, кој времето го поминува безделничејќи во Италија. Херберт сака некако да го натера синот да се врати во Њујорк, па на Рипли му нуди пари да замине за Европа и да го врати Дики дома. Дики е одушевен со својот нов пријател и воопшто не се сомнева во опасните намери на Рипли, кој ќе ги употреби сите свои таленти за во потполност да го преземе Дикиевиот живот: ќе ги фалсификува неговите писма, ќе ги користи неговите чекови, во хотели ќе се пријавува под негово име... Кога Дики конечно сфаќа дека Рипли како паразит му се вовлекол во животот веќе е предоцна. Работите се тркалаат кон неминовната трагедија.

Всушност, некни фатив брилијантен скеч на К-15 кој многу подобро зборува за тезата на денешната колумна од филмот на Мингела: голобрад министер, со полициски заштитар зад него, се растура од плачење пред уличен полицаец. Полицаецот го смирува министеров, па немој да плачеш, па зашто плачеш... А министерот липајќи го отвара срцето: плачам поради несреќниот народ, поради кутрите социјалци, стечајци, пензионери... Не смирувајќи се министерот со заштитарот набрзо заминува. Се појавува пензионер, привлечен од лелекањата на министерот. И го прашува пензионерот полицаецот: она беше младиот министер? Зошто плачеше? На полицаецот веќе сè му е преку глава, го прашува пензионеров: кој си бе ти? Пензионеров вели дека токму е пензионер, и полицаецот тука вади пендрек, а така ли, ради такви ко вас ми плачат младиве министриве, срам ве било, бараби едни - и пензионерот го извлекува најдебелиот крај.

Има една славна анегдота, се случува за време на Втората светска војна, кога некој висок германски офицер го посетил атељето на Пикасо во Париз. Офицерот на ѕидот ја видел „Герника“ и, шокиран од модернистичкиот „хаос“ на сликата, го запрашал Пикасо: Ова вие го направивте? На што Пикасо студено одговорил: Не, тоа вие го направивте!

Ќе треба да се смогне сила и на „преродбениците“ муцките да им се набијат по испоганетите ќошиња; сето ова вие го направивте.

слики: Пабло Пикасо

Извор: Глобус, 21.09.10.

Мислам дека Гелевски греши:

Мислам дека Гелевски греши: се’ помалку има сожалување и грижа на совест кон преродбениците. Мислам дека тие чувства полека се преобразуваат во омраза и бес. Тие веќе не се (како што беа „љупчовистите“) јадни аутсајдери и малограѓани на кои гзот им зинал пред првите поголеми искушенија на моќта и парите и кои сакаат да се присламчат до мизерната општествена елита (комунистичка, не?, каква друга); преродбенициве се во друга фаза, тие реално во земјава ги држат сите можни лостови на моќта. А тука веќе нема сожалување, туку борба за опстанок.

 Браво!И психолог сте

 Браво!И психолог сте станале.Коља за премиер и претседател!Кољамен to the rescue!
За навредите од "преродбениците":

  • Луда Забава

Јадна е земјата кајшто владините политики ги бранат вакви третокласни (со памет на третооделенци) шупелчиња (за магаре музика, за вас, гревчиња - политика), од типот Билобил, Докторот, Ѕвонко...

  •  Редовна читателка партизанка

Згора на тоа, па какви се тоа тролови, затворени во четири ѕида само штракаат по тастатура и етикетираат кој е штапски пацов, а надвор не лавови, уште диносауруси да лупнат. На крај краева, дозволете ми да бидам малку некоректна: расправање на интернет е ко параолимписки игри; и да освоиш златна медаља, ќе останеш хендикепиран.

  • Обожавател на Вилхелм Рајх

Што да и’ каеш на ваква ноторна будала, ко Анонимниов1 - освен дека е ноторна будала!? Кај живеете, бе, морони?! Во дворот на Луј 16?! Кајшто се одрубуваат глави уз „упс, извинете“?! Слободата на јавниот говор, стерилни и неписмени кретени, отиде многу далеку!
Ова се само дел од коментарите на Окнашите(како што тие љубат да се нарекуваат).Е сега прочитај те ги коментарите на Билоби Форте, Д-р Фројд и други и нема да најдете ни една навреда како овие погоре.
Жално е што што вие се осеќате поинаку од тие што ги напаѓате.Дали вреди цела ова мака за печатење на некоја книга која на пр. во Битола ја представивте пред една маса роднини во кафана во која редовно има турбо-фолк свирки?Затоа е дегутанто да зборувате за култура.Вероватно наредната книга ке ја представите на концерт на Аца Пејович или кој и да ви е идол...Не знам со кое лице зборувае за преродбениците.Вие го правите истото само разликата е што вие имате финансиска корист.Штета што интелектуалната проституција не е казнива со закон.Би лежеле в затвор долго време.И по трет пат прашувам (затоа што вие ја обожувате транспарентноста):кој го финансира сајтов?

Како за сите зла, глупости и

Како за сите зла, глупости и непромислености на „преродбениците“ да сме виновни сите ние, а особено оние меѓу нас кои се поспособни, поумни, посуптилни...
 
Никола Гелевски , "Глобус"
21.09.10.

 
 

Виновни зашто дозволиле таква

Виновни зашто дозволиле таква багра да завладее со секоја педа на земјата... Виновни зашто цело време го вртеа другиот образ... Виновни зашто попаметниот попушта... Виновни зашто сите паметни, суптилни, способни киднаа од земјава или чмааат меѓу своите четири ѕида... Што има тука чудно и главоболно?! Зарем кога опустошувачка багра ќе ја освои власта во една земја не се виновни токму оние кои треба да бидат некаква елита на земјата?! Впрочем, зарем шармантниот Дики, во филмот, на некој начин не беше самиот виновен зашто дозволи да биде уништен од алчниот лудак Рипли?! Тоа се обидува да го објасни целиот текст на Гелевски...
Инаку, апсолутно се согласувам со Дарвинистот: помина времето кога ни беше жал за голобрадите, недотупавните, фрустрираните... Сеа е време за борба и за одговорност, и за себе и за сопствената земја.

Заебано е кога некој

Заебано е кога некој „од дното“ се искачува на вртоглаво големи височини. Му снемува кислород и му фркнува у главата. Си треба аклиматизација. :)

Некој е за жалење,ама

Некој е за жалење,ама кој...можеби тој што сака да биде калиф наместо калифот.Можеби тој којшто од такт се вади заради помислата дека сега некои мрсници му прдат во кожената фотеља.Кој би знаел,јас не,мене не ми рапортирале,ниту ми се поклонувале,ниту ме деизирале.

 Vo pravo e Kolja, se e ova

 Vo pravo e Kolja, se e ova od sozaluvanje!!! Ama mozam da sozaluvam nekoj so e hendikepiran, fizicki nesposoben a umstveno priseben, nekoj sto imal seriozna nesreka vo zivotot...ama ovie ajvani "prerodbenici" da gi sozaluvam jas licno tesko (za niv ne treba sozaluvanje tuku mlatenje) od pricina sto poradi nivnata neukost i neakalnost (znaete do vcera nekoj pasel kozi i ovci i op odednas na fotelja drzava ke vodi) trpi i strada svesnata raja, drugata veke ja gledam vo tie kozi i ovci. 

 Vo pravo e Kolja, se e ova

 Vo pravo e Kolja, se e ova od sozaluvanje!!! Ama mozam da sozaluvam nekoj so e hendikepiran, fizicki nesposoben a umstveno priseben, nekoj sto imal seriozna nesreka vo zivotot...ama ovie ajvani "prerodbenici" da gi sozaluvam jas licno tesko (za niv ne treba sozaluvanje tuku mlatenje) od pricina sto poradi nivnata neukost i neakalnost (znaete do vcera nekoj pasel kozi i ovci i op odednas na fotelja drzava ke vodi) trpi i strada svesnata raja, drugata veke ja gledam vo tie kozi i ovci. 

ОкоБоли главаВицФото