Послание за религијата (1)

04.10.2010 12:37
poslanie-za-religijata-1.jpg

1. Религијата мора да се преиспитува

Во Македонија, а и воопшто во светот, јавната дебата никогаш не била поотворена од денес. Се дискутираат најразлични теми, постојат спротивставени мислења, конструктивни и неконструктивни преписки, интернет тролови и така натаму. Јас лично тврдам дека колку и да запаѓа во националистичко лудило, македонскиот јавен дискурс сè уште е доволно слободен за да може во него да се преиспитуваат митовите и заблудите. Дојдовме во период и кога почнува срамежливо да се дискутира „табу темата“ на минатиот режим. Медиумите дури почнаа да алудираат и на наводната хомосексуалност на политичари од висок ранг; а еден неделник истражуваше и за „недопирливите“ во нашето општество – телохранителите и обезбедувачите. Се разбира, тоа може да се протолкува и како инструментализација од страна на авторитарната влада: демек, еве, имаме слобода на говор (а во суштина она што се кажува нема никаков ефект).

Сепак, привидна или не, во јавната дебата една тема останува недопрена: религијата. Не религијата како МПЦ, не религијата како „поцрквување“ на општеството, туку религијата и религиозното однесување: верување во Господ, молење и аргументирање со „Божјиот аргумент“. Може да преиспитуваме, шпекулираме и исмејуваме што сакаме, но едно нешто не смее да чепкаме – нечија религиозност. Доколку се фатиме за религијата и религиозноста, ние си играме со нечии чувства, загрозуваме нечија слобода и шириме омраза. Тоа е „света“ работа, и не е препорачливо да се подложува на опсервација или пак критичка дискусија.

Но, прашањето е зошто? Како се поттикнува таа верска нетрпеливост? Чии чувства повредувам јас ако кажам дека господ не постои? Дали нечии чувства повреди Стивен Хокинг со научното образложение дека сепак светот не е креација на бог?

Јас не можам да ги повредам вашите чувства ако кажам дека за мене вашето верување нема смисла. Тамам работа, таква силна верба во Господ да биде попречена од зборовите на еден обичен смртник, па згора на тоа атеист. Дополнително, јас не му бранам ниту спорам никому да си верува, ниту пак ширам омраза со тоа што би кажал дека доминантните религии се дубиозни, засновани на бесмислици и архаични преданија. Но извинете, во случај кога наоколу никнуваат крстови и цркви со државни пари, треба да се дискутираат не само одвоеноста на црквата и државата, туку и суштината на самата религија. Кога религиозноста се промовира како вредност, особено од државните институции, таа мора да биде изложена на дебата.

Особено лоша услуга на разумот во овој случај му прават постмодернистите и лажните либерали, а особено агностиците, кои се подготвени да толерираат и најноторни глупости, ако се ставени во контекст на религијата (под толерирање подразбирам не подложување на дискусија). Демек, не се мешаме во нечија религија. Сепак, во најголема мера, религиозните догми и приказни не се занимаваат со секојдневни работи, туку со проблеми кои се во полето на науката, а не во полето на филозофијата и политиката (настанување на светот, настанување на човекот, свест, емоции, размножување итн.). За жал, ако вие верувате дека светот е создаден од Бог, и ако верувате дека хомо сапиенсот е исто така Божјо дело, и тоа јавно го изјавувате, тогаш вие во најмала рака треба да бидете подготвени да го одбраните тоа верување. Фактот што вие верувате не ве ослободува од одговорноста да аргументирате одредено тврдење (особено не за почетокот на светот или слично). Уште повеќе, тоа е ваша должност, затоа што религиозното спознавање на светот во голема мера се коси со голем број научно елаборирани закономерности.

Замислете дека сè уште одредена верска заедница верува дека Земјата е плоча и дека Сонцето се врти околу неа. Дали вашиот сензибилитет ќе ве натера да размислувате во насока „оставете ги, нивно право“ или пак „па добро, кој сум јас да кажам дали е Земјата плоча или топка“. Секако дека интимното право некој да верува дека Земјата е плоча може да се дискутира; меѓутоа кога тој човек јавно ќе излезе да говори за тоа, вие имате одговорност да се спротивставите. Затоа што знаењето е единственото нешто што вреди на овој свет и единственото средство кое го имаме на располагање за постигнување на подобро утре. Религијата е резултат на едно големо незнаење и неможност да се објаснат природни појави; кога веќе имаме научно објаснување за истите, наша должност е да се ослободиме од товарот на религијата.

Сепак, освен што е едно големо систематско незнаење, религијата е прилично примитивна, анахрона и злобна доктрина, која датира од одамна минати времиња, и токму затоа мора критички да се преиспитува.

2. Стара книга, злобен бог

Ако сакате да запознаете нечиј светоглед, мора да погледнете во неговиот пишан извор. Со религијата тоа барем не е тешко. Си постојат свети книги, кои ги има во секој дом, а ги има и бесплатно на Интернет.

Обично религиозните луѓе посочуваат на светите книги како книги на мудрост, врвна убавина, духовност, и се разбира поука.

Сепак, кога се однесува до Библијата, многумина не знаат дека самата Библија е составена од безброј содржини кои се во најмала рака бизарни, а сепак претставуваат темел на Христијанството. Впрочем, Библијата е пишувана од голем број луѓе во текот на многу години, на различни јазици, и она што е крајниот продукт е една обемна збирка на приказни, кои Христијаните ги разбираат ем како фактичка историја, но пред сè како поука која ќе им биде водилка. Но, во Библијата има толку многу злосторства, ѕверства, смрт, насилство, омраза, па дури и порнографија; просто е неверојатно дека таа сè уште има неприкосновен статус во општеството и никој не ја критикува јавно. Не треба да не чуди од каде хомофобијата (често пати и замаскирана и потисната хомосексуалност) меѓу верските фанатици во Македонија: „Ако некој легне со маж како со жена, и обајцата извршиле гнасно дело: да бидат убиени, виновни се“. (Левит 20:13). Нетрпеливоста е и кон другите воопшто; на пример, Мојсеј кога видел како Египќанец бие Евреин (еден од неговите), „Се обѕрна на сите страни, и, кога виде дека нема никој, го уби Египтјанинот и го закопа во песокот” (Исход 2:12). Слично е и со оние кои веруваат во други Богови: „Кој ќе принесе жртва на кој и да е идол - освен на единствениот Бог - нека биде предаден на проклетството, целосно уништен“ (Излез 22:20).

Библијата содржи и голем број параграфи кои не само што се спротивни на морализирањето и пуританизмот на Христијаните, туку се можеби и преексплицитни и за оние потолерантните (особено ако се земе предвид дека Библијата се препорачува како четиво за деца). На пример, книгата на Пророкот Језекиил кулминира со стихот 23:20: (кој на македонски звучи многу понеживописно отколку на другите јазици) „И се прилепи кон своите миленици, чие тело е како тело на осел, и похотта како на коњи“ (тело во оригиналот е гениталии, а осел магаре; похот е ејакулација). Се разбира, казната Господова за блудницата набрзо следи (23:25): „И ќе ја свртам Мојата ревност против тебе и со тебе ќе постапат гневно: ќе ти го отсечат носот и ушите, а она, што ќе остане, ќе падне од меч; ќе земат од синовите твои и од ќерките твои, а она, што ќе остане од оган, ќе загине“.

Дека Библијата е хардкор, а Господ е одмаздољубив, бескрупулузен и освен што самиот убива и пустоши, дополнително мотивира на насилстство (подмолно убиство со предумисла) ни покажуваат и следниве стихови од Книгата Судии Израилеви (2):

„16. Аод си направи меч со две сечила, долг еден лакот, и го препаша под облеката своја на десното бедро,
17. и однесе дарови на моавскиот цар Еглон; а Еглон беше човек многу дебел.
18. Кога Аод ги поднесе сите дарови и ги испрати луѓето, што ги донесоа даровите,
19. сам се врати од идолите, што се во Галгал и рече: ’Царе, имам тајна за тебе’. Тој рече: ’Потивко’ И излегоа сите, што стоеја при него.
20. Аод влезе при него: тој седеше во летната горна соба, што ја имаше одделено. И рече Аод: ’Имам Божја порака за тебе’. Еглон стана од престолот.
21. Кога тој стана, Аод ја подаде својата лева рака, и го зеде мечот од десното бедро и го заби во стомакот негов,
22. така што по сечилото влезе и дршката, и дебелината го покри сечилото; бидејќи Аод не го извади мечот од стомакот негов и излезе нечистотија
23. Аод потоа излезе од собата, ја затвори вратат и ја заклучи.“

Ништо поарен не е ниту светиот Куран. И Алах е злобен и одмаздољубив како и христијанскиот бог и посакува да ги истреби сите оние кои не веруваат во него. Сура 4 почнува со заповед која сака да им втера страв во коски на верниците: „О луѓе, плашете се од Господарот ваш кој ве создаде од еден човек. Од него создаде жена. (...) Плашете се од Алах, со Чие име се повикувате, и меѓу роднините. Алах, навистина бдее врз вас!“. Понатаму (Сура 4, 84) се вели дека „Силата и казната Алахова се најјаки!“ Сура 4, 107: „Алах, навистина, не го љуби изневерникот и грешникот!“ Или пак: „И борете се против нив (неверниците) сè додека го нема сплеткарењето и додека верата Алахова не биде присутна“ (Сура 8, 39).

Во ред би било овие книги да се изучуваат на пример, како дел од културното наследство (како античките епови). Но, не се ли малку несоодветни како „прирачници за животот“? Не се ли малку несоодветни и благо речено конфузни за мали деца? Не може ли да се најде нешто поново од книги напишани пред неколку илјади години, во време кога нивото на спознавање на светот било понапредно од ова денес? Па во Македонија денес учебници пишувани во „комунизмот“, па дури и во „транзицијата“ се сметаат за стари и несоодветни, а не па книги пишувани пред илјадници години.

Слики: Chris Sedgwick

 Секоја чест за текстов.

 Секоја чест за текстов.

Ми се допаѓа начинот на

Ми се допаѓа начинот на критикување. Ретко кој атеист има нерви да се спротивставува со цитати од библијата, т.е. да укажува на самопобивањето. Обично сите поаѓаме од научни објаснувања, а таквите најчесто не се сфатливи за фанатичните толпи. Браво.

 Фин текст, но претпочитам да

 Фин текст, но претпочитам да се сложам со расудувањето на Ниче. 

најсимпатични се нашите

најсимпатични се нашите „интелектуалци“ кои одеднаш станаа најголеми проповедници на христијанството, задскриени токму позади наводното „мирољубие“. Ужас 

Аод ќе бил во право да му

Аод ќе бил во право да му зарие нож во стомак на царот Еглон и без да му даде заповед „бог“. Зошто? Затоа што сите цареви биле тиранини и предавници; луѓето не гледаат дека тие се само персонифицирани ликови на земните богатства, на царицата Разменска Вредност. А, слободата на народот дише полесно со нивната смрт. (Само во Толстоевата бајка „Иван-идиотот...“ царот работи на поле заедно со својот народ, не им наплаќа даноци и ручат на заедничка маса) Во принцип, Библијата е револуционерна; таа заговара „божествена демократија“ и жестоко протестира на самоволието на оние кои го водат народот. Преку гласот на Пророк Изаија, според мене наречен „перфектниот мудрец, еден вистинољубив Пријател на Народот“, „Господ над Воинствата“ објавува : „Оние, кои го водат овој народ, го заведуваат, а кои ќе остават да бидат водени – ќе пропаднат“ (Изаија 9:16).“ А, заклучокот е дека верата не е непријател на народот (Не заборавајте кои се „божјите“ заповеди!), туку МПЦ, која е олицетворение на водачите кои го заведуваат и го водат кон пропаст, против кои водачи воскликнува правдољубивиот „бог“.
Со посредство на стихови во авторство на пророк Изаија ќе ја побијам вербата на МПЦ дека стои на позициите на древното христијанско учење. Дека гревови има МПЦ, ширејќи ерес, не тврдам само јас, туку тоа мнение уште пожестоко го бранат Евангелистичката и Баптистичката црква (меѓу нив најистакнат е проф. д-р Иван Грозданов).
 
,,Твоите кнезови се одметнаа, се спријателија со крадци.
Сите копнеат за поткуп, летаат по дарови.
Му ја скратуваат правдата на сирачето,
парницата на вдовицата не стига до нив.‘‘ (Изаија 1:23)
,,…О народе мој, твоите владетели те заведуваат
и го раскопуваат патот по кој одиш.‘‘ (Изаија 3:12)
 
Ортодоксите забораваат на маката на работниците, па не сочувствуваат со нив, а изгледа дека се‘ уште им е туѓа религија фактот дека работничката класа е Божјата рака, која го држи светот во живот. Верата ја преобразија во суеверје, во личен интерес. За нив ортодоксниот ,,Господ‘‘ е алатка за експлоатација на народните маси; извор на непресушен профит – директно од маката на сиромашките работници. „Поповите наплаќаат и за пагански обичаи. Кратката литургија на бадникарските огнови веќе е влезена во ценовникот на МПЦ, па така за да се појави попот на прославата, кумот треба да подготви 1500 денари“, пишуваат дневните весници за еден од многуте гревови на МПЦ.
 
,,Нека бидат здробени сите камени жртвеници како што се дробат во прав камењата од вар, нека не се издигаат веќе ашерите и сончевите столбови.‘‘ (Изаија 27:9)
,,Кој коле вол, исто е како да убива луѓе;
кој жртвува јагне, исто е како да сече врат на куче.
Кој принесува жртва, исто е како да принесува свинска крв;
кој кади, исто е како да му се моли на идолот.‘‘ (Изаија 66:3)
 
Светиот дух мрзи да му се принесува жртва; тој е тука меѓу нас – во меѓусебната љубов. Но, таквите обреди се вистинска похота за бездушните егумени и владики. Нивните литургии едноставно не поминуваат со благослов над болникавиот народ без одблесокот на монетите. А забораваат дека Исуса одеше пеш и дека Божјата мудрост – сестраната љубов човекова ја проповедаше бадијала. Но, владиците на МПЦ живеат во современо технолошко време и не можат, а да не се возат во луксузни автомобили.
 
,,Оние, кои го водат овој народ, го заведуваат, а кои ќе остават да бидат водени – ќе пропаднат.‘‘ (Изаија 9:16)
,,Да, сите воени обувки, секоја облека натопена во крв, ќе изгорат
и ќе му бидат храна на огнот.‘‘ (Изаија 9:5)
 
Перфектниот остроумник Изаија ги пцуеше владетелите и пророкуваше абдицирање на воените цокули, а овие ордоксите мрсат бради на земјините искушенија. Поради тоа народот мој треба да ги обезглави тие бездушни покондирани мозоци, да ги урне нивните лажни храмови и реликвии и да го ослободи Светиот дух меѓу луѓето.
 
,,Кому ќе му прибегнете за помош, каде ќе го оставите своето богатство,
за да не се наведнете меѓу робовите,
за да не паднете меѓу убиените?‘‘ (Изаија 10:3:4)
,,…И ќе ги заробат оние кои ги пленија нив,
и ќе господарат над своите угнетувачи.‘‘ (Изаија 14:2)
,,Подгответе колеж на децата за беззаконијата на нивните татковци,
за да не се кренат веќе да ја освојуваат земјата
и да не го покријат лицето на земјата.‘‘ (Изаија 14:21)
,,Првородените на сиромасите ќе се нахранат
и сиромасите ќе почиваат во безопасност;‘‘ (Изаија 14:30)
,,Свештеникот ќе биде како и народот,
господарот како и слугата,
господарката како и слугинката,
продавачот како и купувачот,
заемодавачот како и позајмувачот,
оној што дава на заем како и должникот.‘‘ (Изаија 24:2)
 
Бидејќи тие исповедаат на зеленашки начин, па и спрема нив треба да се постапи исто. Да им се укине стоковното производство (а со тоа и централизацијата на капитал, против која зборува и самиот Изаија, глава 5, стих 8: ,,Тешко ви вам што приближувате куќа до куќа и што составувате нива со нива, додека не го заземете сето место, па да станете единствени во земјата.‘‘). Ништење на разменската вредност на фреските, иконите, темјанот, професијата, авторитетот… Така идеологизацијата на нивниот ,,бог‘‘ ќе се струполи и Љубовта ќе биде единствен признат авторитет за вера во Светиот дух. Но, пред се‘ народот мој ќе мора да се продухови со таа идеја, да се вооружи со неа и безмислосно да ги сломи гадовите. Без оваа интервенција, се‘ уште ќе подложи на фетеширачката религија во натура на ортодоксите во и надвор од нивните квази-храмови.
 
,,Тешко им на оние што злото го наречуваат добро,
а доброто зло, кои прават светлина од темнината,
а од светлината темнина…‘‘ (Изаија 5:20)
,,Тешко на оние кои се мудри во сопствените очи
и умни само пред себе!‘‘ (Изаија 5:21)
 
Да, во очите на Бога човекот е пред се‘ разумно суштество, тој и суштествува отаде разумот и само преку разумот тој може да ја искаже најсилно верата спрема својот Чинител; само треба да се разлисти внимателно Светата книга и авторитетите што диктаторски му се накалемија околу вратот на мојот народ како суво лисје ќе паднат во иње.
 
,,Надевајте се во Господа довека, зашто Господ е Вечна Стена;
Тој ги соборува оние, кои живееја високо,
разурнува висока крепост, ја разурнува во прав, ја срамнува со земјата,
па ја газат нозе, нозете на бедните и чекорите на сиромашните.‘‘ (Изаија 26:4:5:6)
,,Тој ќе им биде судија на народите, ќе им суди на многу племиња,
кои ќе ги прековат мечевите во плугови, а копјата во српови.
Нема повеќе народ да дига меч против народ,
ниту ќе се учи веќе на војување.‘‘ (Изаија 2:4)
 
Револуцијата против ортодоксијата го има Божјиот благослов; тој е запишан во Библијските стихови: ,,Тие го одржуваат створениот свет…‘‘. А ако е така: тогаш само тие треба да раководат со светот; само што совесните луѓе треба да го подучат народот на тој факт. Нивниот хулеш што Светиот дух го ,,преобразија‘‘ во очите на ,,верниците‘‘ метафизичка догма, вместо директна љубов меѓу човек и човека, ќе им биде наплатен со холокауст од страна на Господ над Воинствата. Така пророчи Изаија, синот Амосов, така и ќе биде!
 
МПЦ токму произлезе од стравот дека народот нема да го избере она кое ортодоксите сакале да го воведуваат. Затоа тие измислиле дека „непродуховените“, треба да ги води „Синод“ се‘ додека не излезе масата од паганството.
 
 
 

 
 
 

 Вунлаки сине, и атеизмот и

 Вунлаки сине, и атеизмот и национализмот се религии, со свои фундаменталци. Пробај на нив да им го чепнеш верувањето да видиш како апат. :) И се' е тоа базирано на длабоко незнаење. На пример за фактот дека никогаш неможеш да докажеш дека нешто не постои, за првата група. (Еве да прашам еден атеист, како знае или поточно верува дека нема Бог).
 
А, тоа што Стивен Хокинг го извлекол можеш слободно да го ставиш покрај Библијата и Куранот.

 Bullseye! :)

 Bullseye! :)

Се докажува постоење, а не

Се докажува постоење, а не непостоење.

докажи им го тоа на атеистите

докажи им го тоа на атеистите :)

“To you, I’m an

“To you, I’m an atheist; to God, I’m the Loyal Opposition” -вуди ален
би сакал да верувам дека има случајност во совпаѓањето и дека не е уште една координирана акција но сетне и да е така мило ми е, бидејки глупи се а моја должност е тоа да им го предочам како атеист на “другарите” атеисти.
да ги оставиме на страна тие што веруваат во “глупости” и да се сконцентрираме на нашите верувања, нашите “факти” кои што случајно или не сеуште во науката го носат предзнакот на теореми врз кои што градиме теории кои што подоцна ги продаваме како вистини иако тие се само организирани опсервации со чија помош си го олеснуваме животот т.е развиваме практични дејности неразбирајки/претпоставувајки ги механизмите кои што стојат позади појавите.
“Фактот што вие верувате не ве ослободува од одговорноста да аргументирате одредено тврдење (особено не за почетокот на светот или слично). “ – исто како и твоето “знаење” што не те ослободува од одговорноста да аргументираш одредено тврдење особено за почетокот на светот!!!
и црепу нема разлика помеѓу злобниот христијанскиот бог и алах кои исто така бил “злобен и одмаздољубив”, читни малку онака колку за ментална гимнастика прво на што ќе налеташ е констатацијата дека “еден е бог” и цирни го видеово можеби ќе научиш нешто од непријателот на “вистинските либерали”.
да се вратиме на она што боли[- I cannot say it is the position of the MOC, it is my personal position and as archpriest of our holy Macedonian church I call at every holy liturgies the Macedonian people and all citizens who live in Macedonia not to give up the holy Macedonian name, Agatangel said. It is a duty to defend the country and the name, because as he said, the name is given by the God and  Macedonia and Macedonian are mentioned over 70 times in the Bible. ]: “Но извинете, во случај кога наоколу никнуваат крстови и цркви со државни пари” ваша должност е да реагирате па така бране тврди дека: “Партиска- црковна коалиција функционира во Македонија за заштита на името.” а тоа е ебано лошо, тоа е врвното зло.

thank you and fuck you

дупликат

дупликат

 За тие што не им е јасен или

 За тие што не им е јасен или сеуште не го забележале процесот, иде некако вака:
 
Првин се формира „наука“, што е во основа модел на опсервираната или замислената реалност, од науката се формира филозофија (на живеење, на науката),  некои ќе го препознаат ова под името доктрина, и на крај, за тие на кои овие две работи им се премногу езотерични се формира религијата.
 
„Затоа што бог запишал во светава книга“ и „затоа што научнава глава вака збори во светава книга“ се во основа исти, религиозни аргументи.

 Точно, со тоа што само би

 Точно, со тоа што само би додал дека религијата е многу близок роднина со филозофијата, поточно со метафизиката - науката за она што е „над“ или „зад“ физичкото и појавното.
 
Здрава работа, ако ме прашаш мене. Но секоја крајност знае да наштети ако почне да зема сила за себе од виталното а друго.
 
Поздрав.

Уште неколку интересни

Уште неколку интересни цитати:
I. За правата на жената:
Стар завет, стр. 224 (Петта книга Мојсеева) 22:13-21
"Ако некој земе жена, и влезе при неа, па ја намрази, и ја обвини за порочни дела и пушти лоши зборови за неа и каже: 'Ја зедов оваа жена, влегов при неа, и не ја најдов девица', тогаш таткото на момата и мајката нејзина нека ги земат и нека ги изнесат девствените белези на момата при старешините пред портата; и таткото на девојката нека им каже на старешините 'му ја дадов ќерката моја за жена на овој човек, а сега тој ја намрази и ете ја обвинува за порочни дела велејќи >не ја најдов ќерката твоја девица<, но еве ги девствените белези на ќерката моја'. И да ја распростре долната облека нејзина пред старешините на тој град. Тогаш градските старешини да го фатат мажот и да го казнат и да го глобат до сто сикли сребро, и тоа да му го дадат на таткото од девојката, поради тоа што нанел зло на израилската девица; таа пак да си остане негова жена и тој да не може да се разведе од неа преку целиот живот. Ако, пак, кажаното излезе вистина, и таа не биде најдена како девица, тогаш нека ја доведат момата пред вратата на татковата куќа и градските мажи нека ја каменуваат до смрт, бидејќи извршила срамно дело во Израилот, го осквернавила татковиот дом; така истребувајте го злото од себе."
Нов Завет стр. 254 (Послание на Св. Апостол Павле до Колосјаните) 3:18
"Вие жените, покорувајте им се на мажите свои, како што прилега во името на Господа!"
II. За семејно насилство
Нов Завет стр. 51 (Свето евангелие според марка) 7:10
"Почитувај го татка си и мајка си и Кој го злослови таткото свој или мајката своја, со смрт да се казни"
Стар Завет стр. 139 (Трета книга Мојсеева) 20: 9
"Човек, кој го навредува таткото свој или мајката своја да биде убиен; тој што го злословува таткото свој или мајката својa: виновен е"
Стар Завет стр. 223 (Петта книга Мојсеева) 21: 18-21
"Ако некој има буен и непокорен син, којшто не го слуша гласот на својот татко и гласот на својата мајка, па иако го казнувале, тој пак е непослушен, тогаш татко му и мајка му нека го земат и одведат при старешината во градот и при вратите на своето живеење, па нека им кажат на градските старешини 'Овој наш син е буен и непокорен, не ги слуша нашите совети, расипник е и пијаница', тогаш сите мажи од градот негов нека го каменуваат до смрт; така исчистете го злото од самите себе и другите ќе чујат и ќе се уплашат."
III. За робовладетелството
Стар Завет стр. 146 (Трета книга Мојсеева) 25: 44-46
"Ако сакаш да имаш свој роб и своја робинка, купувајте си роб и робинка од народите што се околу вас; од нив да си земете робови и робинки. Исто така и од децата на преселниците, населени меѓу вас, можете да купувате; и од нивните роднини во земјата ваша што ги има, и тие да ви бидат сопственост. Можете да ги предавате во наследство и на синовите ваши, а браќата ваши, синовите Израилеви, не обременувајте ги со многу работа."
Стар Завет стр. 90 (Втора книга Мојсеева) 21: 26-27
"Ако некој го удри робот свој во окото, или робинката своја во окото, и ги ослепи, да ги пушти на слобода заради окото; или, ако му скрши заб на робото свој, или на робинката своја, да ги пушти на слобода заради забот."
Поздрав

Фаќањето за стариот завет и

Фаќањето за стариот завет и сите тие застарени книжишта во буквална смисла и аплицирање на денешнината, е исто ко да тврдиш дека DOS 3.0 не го бива за гледање јутуб. Лесна мета. :)

Стариот Завет е дел од

Стариот Завет е дел од Библијата, која ги опфаќа сите 50 книги, напишани пред Христос. Стариот Завет е пишуван во продолжение на 1100 години.

Значи истата библија која што ја имаат сите верници дома.

Многу проста споредба направија авторите на South Park, да веруваш во господ ти е како да веруваш во летачко шпагети чудовиште, нема доказ за постоењето ни на едното ни на другото. Ако не можете да си објасните од каде доаѓа струјата на која што се греете, колите во кои што се возите, сепјс шатловите што ја градеа меѓународната вселенска станица, тунели под мориња и океани, тогаш земете прочитајте малце повеќе за механика, физика и математика.

И да, сите се НАУКИ што ви

И да, сите се НАУКИ што ви овозможиле подобар живот VS религиите кои што успеваат само во една работа - да го делат човештвото од најстари времиња па до ден денес.

За разлика од науките кои

За разлика од науките кои демек не го :D Хинт, Иран и нуклеарната програма... Нацистичката наука за евреите, итн.

 Баш е обратно: религиите

 Баш е обратно: религиите имаат НАХРАНЕТО и ОБЛЕЧЕНО само едно милијарда народ откога постојат (или повеќе милијарди), и тоа на доброволна основа.
 
Си се запрашал некогаш кои се сите оние луѓе што земаат гравче секое сабајле од кујната на црква? :)
 
Науката е алат - нашата свест треба да е раката која ќе ја води. А без срце - забиј си го алатот во глава. Или во туѓа глава. Толку треба.
 
Уз пат дај бе читајте малку повеќе Ајнштајн и други големи умови:
 
„Науката без религија е слепа; религијата без наука е куца.“
 
Фалачаопријатно.

Што да се запрашам, сум

Што да се запрашам, сум видел. :) Атеизмот е единствената религија од набројаниве што своето доброчинителство го условува со појавување у новини и себепромоција(читај, „добротворни“ организации), со часни исклучоци. Има добри деца и атеисти, не викам не.

Колку што јас ги знам

Колку што јас ги знам верниците, а ги знам зашто сум бил во црква, и сум дискутирал, библијата на повеќето им фаќа прашина дома, а највеќе и најтемелно ја читаат тие што ја негираат (за да најдат нели материјал за негирање). Исто ко на некои кои се колнат во наука и за кои претставува религија, а немаат баш разбирање, им фаќаат прашина некои енциклопедии и сл. :)
 
Саут парк како репер и златна референца? Камон. :) Таму Садам му е љубовник на сатаната а Исус и Дедо Мраз се најдобри акциони херои. Заебантска работа е тоа. :)
 
Не мешајте забавно со фолкорно, искача турбо фолк. :)
 
А ти не би било лошо да прочиташ малце за нетеистичките религии ;). Јас 8 години се бавев со тие шо ти ги спомна :D

 Класикал трол. Nothing to

 Класикал трол. Nothing to see here people. Move on.

 http://img291.imageshack.us/

Текстот го прочитав до првиот

Текстот го прочитав до првиот дел зошто понатаму не можев да го читам од убеденоста на авторот во некои за жал и кај него не целосно потврдени факти. Тешко е кога човекот претерано верува во себе и во своите можности а не сака да признае никаква сила дека постои над него. Тука се говори за заблуда во религијата а зошто никој не говори за заблуда во науката ? Има таква или се во науката е веке  научно докажано ?а се што не е демек ке се докаже во иднина? ко ке има поголема технологија..Јас секогаш поставувам едно единствено прашање на кое ни науката нема одговор или за жал и таа кутрата треба да се базира на верување поради неможноста тоа да го потврди и научно да го докаже.. Ниеден научник не може да даде одговор како настанало тоа правото нешто, тоа суштинско нешто таа материја или мисла тој прапочеток на се и сешто ? сакале или нејкеле поради ова се бараат одговори надвор од науката зошто нејзините се смешни за луге интелектуалци кои ги надминуваат верувањата во можностите на човекот.Се ли е случајност ? можеш ли ти таа статија од случајност да ја напишеш? исто како што светот настанал од случајност биг бум бенг :)?
Науката која се базира на докази само го докажува она што бог го содал таа може да се надополнува и не и е толку далечна како што е во умовите на одредени луге убедени во нешто.
Видете ја колку дупки има таа дарвинова теорија на еволуција па и современите научници и пронаогаат толку недоследности што сето тоа се граничи со фантастика , мислам еј од рибата настанал гуштер па мачка па мајмун па ние? супер теорија је да! верувам зошто тој бил некој познат Научник со големо Н ете ја заблудата и кај науката. Нека се говори нека се одржуваат дебати тоа е интересно само лошо е кога се обвинува само едната страна, тоа што не се говори зависи од општествените фактори..
за вториот дел:
-ако не се разбираш во религија не кажувај дека создржела порнографски елементи и слични измишљотини за се си има експерти како и во твојата многупочитувана наука така и во религијата, не знаеш што пишуваш ме потсекаш на јеховиние земај цитат и погрешно толкувај не чини тоа..

Религијата е модел, туториал,

Религијата е модел, туториал, водич за обработка на човечките мисли/свест/желби/страсти и слични внатрешни активности на човечкиот  организам заедно со умствените дејности. Гравитациските сили надвор се проекција на внатрешните сили (мислите) во нашите глави. Таму сите тие црни/бели работи потекнуваат, ако не знаеш да ги контролираш тие прочитај некоја библиа или религиска творба и ќе ти стане јасно.
Е сега што се однесува на перцепцијата на религијата што ја имаме денес е многу логично тоа што го има во текстот и држи вода, но сепак треба да се земе во предвид периодот во кој е создавана библијата. Предиот во која човекот сватил дека може да прави што сака и кога сака, тоа вклучува: силувања, убивања, кражби, злосторства, прељуби и слични непромислени дела кои неможат да се контролираат никако бидејќи се во нашите глави, односно може да се обидеме да ги заплашиме тие црни/бели мисли со виртуелна читанка каде што некој ќе свати дека етиката и моралот се шестиот елемент во нашиот сончев систем.
Што се однесува на Христијанството (*светото тројство), владеењето на светото тројство треба веќе почесто да се разјаснува исто како и стиховите од Коранот оти тоа адвертајзинг булшит што го рекламираат нашите попови/папи/оџи и слично да почнат да го разложуваат начинот на верување и како се верува во религија, доста веќе се парализирани во нивните виртуелни реалности каде што и самите тие незнаат во што веруваат. 
* Христијаните, вклучувајќи ја и мојата офоцијална религија каде што сум регистриран, веруваат во Бог (универзумот и универзалната сила како Алфа и Омега - неразјаснето, но некоја сила е), во Исус Христос (заменлива за сите нас, секој човек и жена, нашата инелектуална-умствена склопка каде што во Христијанството Исус е интелектуалната сила заедно со моралот и етиката плус себеконтролата чиј што опозит е Луцифер - нашата интелектуалната сила што не е осветлена од вредностите што ги има Ристо во нас) и Светиот Дух (манифестацијата на универзалната сила - Бог и интелектуалната сила Исус) низ сонцето коешто е давател на живото на Земјава.
Вака има повеќе логика поврзаноста со религијата и науката како една дисциплина што се вика Живот.
Хинт: Пробајте прочитајте за Будизмот, Хиндуизмот, Таоизмот и Конфучионизмот и така може полесно ќе ви стане јасно што претставува религијата во суштина... не друго тие се најстарите живи религии денес BTW, затоа.
Ај чао...

nikola pcinski, од каде па

nikola pcinski, од каде па тоа дека атеизмот е религија?:)   што ми идете на нерви со вакви работи,уф..
во врска со текстот: библијата не е здрава за читање ни за возрасни камоли за деца..  Кај католиците има катешизам и одамна имаат направено “катешизам за деца/за млади“ Нешто као дневно диско.
Тој детски катешизам се состои од прикаски и сè е направено така да има порака звучи мудро и пренесува кон детето позитивни нормални информации.

Roxy, ако не си го прочитала

Roxy, ако не си го прочитала горниот коментар еве го пак :)
 
  За тие што не им е јасен или сеуште не го забележале процесот, иде некако вака:
 
Првин се формира „наука“, што е во основа модел на опсервираната или замислената реалност, од науката се формира филозофија (на живеење, на науката),  некои ќе го препознаат ова под името доктрина, и на крај, за тие на кои овие две работи им се премногу езотерични се формира религијата.
 
„Затоа што бог запишал во светава книга“ и „затоа што научнава глава вака збори во светава книга“ се во основа исти, религиозни аргументи.

 
Од таму... За повеќето е...

 Religion is the belief in

 Religion is the belief in and worship of a god or gods, or a set of beliefs concerning the origin and purpose of the universe. (од wiki, преземено од речник на Random House). 
Под or спаѓа и атеизмот, затоа што е збир на верувања во непостоењето на Бог и најчесто научните доктрини за универзумот, кои баш и не стојат многу на цврсти нозе, особено првото.
Слични аргументи како тебе имале и другите религиозници во едно друго време „е како не сега светот не е рамен, уфффф што ме нервирате така“. Да не зборам за еволуцијата, уште нервира некои луѓе. :D

Мантија, капа, медаљони,

Мантија, капа, медаљони, степенувачки титули. Само уште жезло им фали :) Еј имаат. :) Алфата и омегата се чист бонус, пошто нели у америка се слабо религиозни колеџите. Ама пак си имаат и атеисти...
оооо свети оче, равноакадемски :D Во името на индексот, катедрата и светото мито, тури шеска, амин. :) Мех, не се постира сликичето. :) На: http://oxford.emory.edu/dotAsset/55815.jpg
 
На уште една:  http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/9/9f/Cam_degree_ceremony.jpg/220px-Cam_degree_ceremony.jpg
:)
Почасни шпански докторчичи:
http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/3/3c/HonoriscausaValladolid.jpg
 
Еве и од мојот „нерелигиозен“ профа по хемија: 
http://www.fkkt.uni-lj.si/attachments/3276/image001.jpg

Чисто информативно, постојат

Чисто информативно, постојат и нетеистички религии кои не се занимаваат со никаков бог во било која форма. Атеизмот не е една од нив. Стариот бог е само заменет за нов, кој и не е толку нов, но ете си дојде во преден план и конечно го ставија на пиедестал.
 
Овој новиов си бара големки жртви, и е одговорен за сите страдања на човештвото и упропастување на јадрото на религиите, кои покажуваат кон него, со едно чудо од искривувања. Некои го викаат „шепотливиот“. Ако не го препозна, ќе ти го покажам. :) Eве го:
http://img840.imageshack.us/img840/6276/yourgod.jpg

 Kudos...

 Kudos...

 Roxy, со сета должна почит

 Roxy, со сета должна почит ама... некад стварно си глупа мајке ми! 

Ете, го кажав! Тууууу...

Би било убаво некогаш, да се

Би било убаво некогаш, да се разгледа и проучи религијата како идеја за општествено-политичко-правен поредок (мислам на верата во изворна форма, односно 10-те божји заповеди, не на верските институции или пак влијание во државите) во време кога разумниот развиток на човекот бил на ниско ниво и човекот живеел според нагоните (чувствата), кои доколку се живее единствено според нив, може да создадат страшни неволји и страданија. Исто би било убаво да се проучи и религијата како културолошка појава, начин на живот, а не само просто верување и страв од не(с)познатите нешта околу човекот, од каде пак произлегуваат искривените сфаќања и манипулации.

 Richard Dawkins: Evolution

 Richard Dawkins: Evolution is proof that God doesn't exist!
 
God: I invented Evolution, Richard...
 
...
 
Отсекад ми било глупо да поврзуваат еволуција со постоење или непостоење на универзален космички „Бог“, ебате. Биолозите ко Докинс стварно немаат смисол за размер и перцепција очито. Тоа пошто се премногу зафатени да си праат PR на своите персони и да си продаваат нови книги, место да седнат, да размислат, и да сфатат што по ѓаволите зборуваат.
 
Има збор за тоа: educated stupid.
 
П.С. Ако сакате саглам муабети за Бог, зборувајте со астрофизичар или космолог. Ќе се изненадите колку од нив не се пронаоѓаат во атеизмот. И ова на Хокинг последново му е ново (до пред некоја година мислеше дека креатор не е исклучен од сликата). Сега мисли дека физичките закони, сами по себе (гравитацијата) биле доволни за спонтано (ре)создавање на универзумот. Добро Стивен, неколку прашања: дали тоа значи дека гравитацијата (т.е. единствената физичка „сила“ која никој се уште не ни почнал да ја разбира) е всушност, Бог? И кој може да каже дека Бог не ја создал гравитацијата, м?
 
Уз пат, де не бидете неписмени, кога се зборува за „Бог“, тоа НЕ значи христијански, муслимански, или хиндуистички Бог. Тоа значи концептот Бог. Ако Бог мислите дека е инстант нус производ/приказна за некоја си таму религија или племе, сте се заебале. Do your homework and come back. Philosophy, Logic and everyday life homework.

 Јас ја разбирам

 Јас ја разбирам гравитацијата, ама можам да ја објаснам само преку многу проста аналогија, инаку е заебано. 
 
Ако некад сте биле на плажа, и ве фатил бран баш на ивицата, сигурно сте почувствувале привлечна сила. Онака, кога се враќаат. Епа така и гравитацијата, само што во многу успорена форма. Морето е е таканареченото простор-време, а бранот е видливата материја.
 
А за тој пример на Докинс, уште еднаш, едно е ефект на гравитација, кој сите го чувствуваме, а друго е закон кој површно го опишува, ко ја сега што ви раскажав прикаска. :) Нит прикаската е тотално точна, нит тој закон. Ако се сватат буквално, дубара. Ај лека ноќ.

 И човек го создаде Бога по

 И човек го создаде Бога по сопствениот лик и едно време си беше задоволен. И човекот ги инсталира во Бог сите свои надежи, фрустрации, желби, жалби и поплаки. И едно време си беше задоволен, со своето ново другарче. Но ете човекот, ни оре ни копа, си ископа дупка. Шанац мајку му. И почна да пцуе по Бога, другарчето свое зашто нејќел да го извади. Е море абдал, како да те извади имагинарното другарче? И човекот кажа, пичка ти матер, ако е така кој те ебе, од сега јас сум Бог. И продолжи да си копа. Јама септичка...
 
Е море шутрак, се’ е бог.
Се’ освен концепт.

 Ах Билобил, едуцираните да

 Ах Билобил, едуцираните да си ја сватат глупоста (слепоста при очи и уши) и незнаењето, пола работа сме завршиле. :)
Ама ај опраи човек што потрошил 20 години и којзнае колку кеш на едукација. :) Не му се исплати.

 Ах ќути, тоа е веќе I need

 Ах ќути, тоа е веќе I need to believe. Ни want ни I (do) believe. :D

Интересно, тука спомнав две

Интересно, тука спомнав две „клозетед“ религии, атеизмот и национализмот, а сите се фатија за атеизмот, никој не го спомна национализмот иако тој моментално ни прави најголема штета, а да не заборавиме и поголем паричен трошок од сите други заедно. :) Фундаменталниот, нормално...

 Е, тука јас и ти сме

 Е, тука јас и ти сме различни. Национализмот е фантом, јасно од авион. Но нашиов национализам го гледам прагматично и како нужен, оти го сфаќам само како едната страна од рефлексниот лак кој реагира на дразбата од други национализми кои први започнаа да го дразнат (Грчкиот, јасно). Прилегаме на лут тинејџер кој во детството бил малтретиран и до ден денеска јаде ќотек од локалниот набилдан фраер. Па мајке ми - редно беше да си купиме нож.
 
А не би да си играм светец со цела држава и 2 милиони луѓе. Светец секој може да си биде само и сам за себе, за другите не, ниту од нив да прави светци. Мене националноста ми е само опција, не ми е обврска, се чуствувам за космополит, уште повеќе па за Земјанин или наједноставно, дете на ова бе, го гледаш околу тебе? Му нема крај, ако почнеш да го мериш во мерка ѕвезди.
 
Да му се вратам на национализмот: само напред, флексирање мускули, возвраќање на ударот и пукање на грчки националистички носеви. И коски сакам да крцаат, о да! Зошто? Оти на човек со сила можеш само да му земеш, а не и да му дадеш. Можат да ни земат име, достоинство, храна - но, со сила не можат да ни дадат (ново) име, (ново, присилно „просветлено“) достоинство, ниту нова храна. Плукам на таквото малтретирање.
 
Не сум јас Ганди (а дури ни Ганди не би клекнал под ова туку би седнел 5 дена и 5 ноќи пред влезот на грчка амбасада, активен отпор ало луѓе!), па да им услишувам фобии на Грците. Нивни проблем, лекот е кај нив - кај нас не. А се’ додека нив лекот за нас им е нож на врат, чизма на фаца и пиштол на чело, мене реакцијата ќе ми биде пукање нечии пршлени и кинење нечии тетиви. Нормално, фигуративно.

Или сите сме еднакви човечки суштества со еднакви права и обврски - или никој од нас не е тоа. И крај на приказната. Преку моето човеково право ќе газат само со болка во табаните. Ако треба и ако ме примораат, болката ќе биде и смртоносна. Ма колку и да сум јас мал, беспомошен, а они силни. Духот е бесмртен.

Поздрав и се’ најубаво. 

 П.С. По логиката дека

 П.С. По логиката дека национализмот е најголемо зло што не ништи нас македонциве во моментов, испаѓа дека Ганди воопшто ниту не требаше да се залага за независноста на Индија (оти нели, национализам, ма што е тоа, фуј!).
 
Само што кај нас одредени глави се малку повеќе со главата во воздух па не ја разбираат врската (духовна, колективна) меѓу националноста (не национализмот: кај нас се’ уште вистински национализам, си имаме проблем само со Грците, и тоа минорен оти пак одиме кај нив на одмор и шопинг, не?) и човекот, Македонецот (во случајов). Фантом или не, има низа нефантомски причини кои мене (лично) ме врзуваат за проблемов и го осеќам (и) како свој:
 
1) Моите дома се рачунаат за Македонци и нивните родители исто (без разлика што поминале низ низа преименувања од „соседиве“);
2) Моите пријатели (поголемиот дел) се Македонци;
3) Промената на уставното име на државата се сведува на плукање на се’ што на обичниот Македонец му е свето. Борбата за слобода, борбата за независност, борбата за ослободување. Македонската историја ќе изгуби на значење, ако сега, 20 години откако (конечно!) се осамостоивме, си речеме пу-пу не важи, ајмо назад. Имам еден пријател, и доста вулгарно се изразува за овакви ситуации. Вели: „Здрав прав, к*рот у газот сам си го ставаш“. Е баш така.
 
Инаку, глад леб и пари ама никогаш, баш никогаш нема да бидат аргумент против личното чувство за интегритет (и неговата духовно-политичко-општествена проекција која се нарекува националност). Гладот не ги сопре Индијците да си ја бараат независна Индија. И мене ми е жал, навистина ми е жално што одреден дел луѓе во државава не можат да согледаат дека поголемиот број новни солуѓе размислуваат ете баш како што опишав погоре. И дека нивната националност им е нешто навистина свето, нешто со кое се интимно поврзани. И жал ми е за таа пред се’, непочит. Неразбирање. Нетолерантност. Непријателство, во крајна линија.
 
Да живеат Индиите на светов. Можеа да си останат во Комонвелтот уште малце ама сакаа сами. И ете ги, 900 милиони, со сопствена вселенска агенција и нуклеарна програма. Веќе не гледаат во ѕвездите, посегаат по нив.
 
И така, поздрав. 

 

Национализмот како религија е

Национализмот како религија е проблем, и нашиот и на грците. Митологијата се крена до небесни височини...
 
Ни едниот ни другиот попушта зашто секој си верува у својот бог, а баш ни е сличен ко на евреите и на муслиманите. :) И така у шанац и двете земји, се вкопуваат во ровови и никој да мрдне. Ич да не зборам за градењето и преименувањето храмови и статуи на националните божества. :)
 
Национализмот како филозофија може да се јаде...
 
И не, не треба да оставиш силеџија да те малтретира, ама плазење од ровот и „ќе те кажам на тато и мама“ не е решение. Детето треба да научи една од благородните вештини на кунг фу-то, каде против напаѓачот се користи неговата сопствена глупост и груба сила. Тоа имплицира, поголема освестеност од наша страна.

 А дека ја спомна Индија,

 А дека ја спомна Индија, Индија никогаш не била национална држава во европски контекст. Не е заснована на етникум кој го искористил правото на самоопределување и се самопрогласил за државотворен народ (ни Македонија не е веќе, со новиот устав, ама некои не го варат тоа).
 
Индија беше, и сеуште е во некои аспекти, посебна цивилизација, со многу различни етнички и верски заедници, со бонус димензија касти. Не се споредуваат ситуациите.
 
А од Ганди би можеле да научиме многу политичко кунг фу. Човек кој сруши империја со нивната сопствена глупост и моќ. Ама пусти индуси, да ти ставиле акцент на длабоко размислување пред дејствување. Не иде тоа кај нас.

 Па баш дека Индија по тие

 Па баш дека Индија по тие одлики е различна од Македонија, нам ни го одзема маневарскиот простор што Ганди го имаше во борбата за независност. Контекстно ситуациите се слични, оти и двете земји (еве, да не бидат држави) имаа проблем со независноста од значително помоќен противник. 
 
Е сега која би била нашата мудрост? Како би играл нашиот Ганди? Ние, таму кај што сме, ги имаме следниве оружја на располагање: политика, информирање, лобирање. И погоди што, сиве овие ги користиме, а ја би рекол и дека има плафон до каде можат да се користат. Еве ја тужиме Грција во Стразбур, ама дури судот и да пресуди во наша корист, тој само ќе и’ изрече препорака на Грција, а нема да и’ нареди. Внатре во ЕУ и НАТО, проблемот е ист: имаш куп земји што се солидаризираат со нас и не’ имаат признато под уставното име, но, поради нивни внатрешни правила на игра, се (правно) немоќни да превенираат блокади и забрани од Грција.
 
Што ќе рече дека веќе влегуваме во еден затворен круг во кој само свежи потези можат да внесат промена. Вакви (од наша страна) има 2 ексрема: напуштање на преговорите и going Gandhi on their ass (што најверојатно воопшто нема да биде сфатено како Ганди туку како Милошевиќ, и за тоа нема ние да бидеме криви ја сум убеден), и втората алтернатива: да се прифати грчки предлог кој и нема така да ни оди во прилог но би ја голтнале кнедлата за да му ставиме крај на споров (агонијава). Во тој пак случај, ќе се случи (убеден сум, без разика колку оптимистични релативизации ќе си повториме денес) прилично длабок и опсежен крах на духот на македонскиот народ, и моја проценка е дека ќе има огромен револт, гнев, спонтани собири и организирани хајки па дури и рушење на владата што го прифатила тоа. Синдромот се вика не дирај лава док спава. Засега македонскиот лав спие на едното око, а со другото будно демне што се случува. И воопшто не се сомневам дека и кај нас има структури и луѓе што се и повеќе од спремни да му го свиткаат вратчето на секој што ќе договори промена на име (суштинска, а не референца). Така да... ја со тој оган не би си играл. Донекаде и го разбирам.

Е сега ако овие 2 екстремни пристапи ги отфрлиме како опции, што останува? Како би играл Ганди? Би преговарал до век и веков? Според мене, едно решение би било да се оди по патот на отпорот и постепено ем да ни се ублажуваат позициите но ем да ја напуштаме посветеноста на преговорите. Ублажените позиции би не заштитиле од националистичката слика за самите нас, а евентуалното напуштање на преговорите тогаш би се сторело во атмосфера на рамнодушност и добра резигнираност, од типот на онаа „направивме се’ што можеме да се договориме, но, не оди“.
 
Кога ќе заврши таа фаза (ако веќе некако се прифати), би се договорил нов модел на решавање на спорот. Меѓународен суд, арбитража, или едноставно референдумско изјаснување и од страна на двете земји: дали народот од тие земји сакаат спорот да биде продолжен. Ако да, ќе се бараат нови модуси, ако не, ќе си потоне во историјата. Уморот е неизбежен јас мислам. А со тек на време мислам дека и климата околу националниве прашања полека ќе се лади и смекнува, па евентуално ни Грците не би гледале толкав проблем во нас (гарантираме и со устав дека немаме претензии кон нив).
 
Користење на силата на другиот би била пак, да искалкулираме неколку провокации до Грција па да не удри со вето или блокада, па потоа светот да ни се сожали и да застане од наша страна. Арно ама, ова во нашиов случај нема да проработи мислам, оти вета јадевме а и блокади кркавме. Можеби, не дај Боже, во случај на воена интервенција светот би се замислил малку над нас, но, тоа е веќе алтернатива која не би сакал да ја разгледувам.
 
Затоа, реков, мислам дека нашето кунг фу е баш ова што сега го водиме: фронт на политички, општествен, информативен и културно-историски план. И во исто време, достоинствено држење пред големите сили и спроведување на реформите кои ни се наложени. Барем за НАТО, ова е веќе исполнето. За ЕУ уште работиме. А со Грција, барем во однос на неа, сме рамноправни (иако материјално и воено послаби). Ново кунг фу, и поефикасно, ќе се спроведе кога некој ќе го измисли. Ако имаш предлог, конкретен - бујрум. ;)
 
Поздрав. 

Дозволување некој да те ака

Дозволување некој да те ака со стапот на ветото не е кунг фу, ниту пак жалење по институции и тужење кај поголеми (тоа е ќе те кажам на бато), ниту пак свиркање во воздух и одлагање на проблемот.
 
Преименување на аеродромот во Александар Македонски, градскиот стадион во Арена (арена, богати, како тоа грандиозно звучи) Филип втори е исто ко да му се плазиш на силеџијата, онака од тежок инает од што ти е мака, знаеш дека пак ќе те столче ама си викаш, епа барем инает му терам, стара македонска институција, може да ме тепа, неможе психички да ме сјебе, а не се гледаат дека веќе станале и такви пациенти.
 
Прво за кунг фу, треба да се оцени кој е противникот. Не се бориме ние само со Грција, Грција е шапшалот што е пратен да не мава по уши зашто така му кажале, башка сега дужи и пари (хинт). :) Толку од мене, не сум јас тука да ја опраам државава, нит избран за тоа. Џабе ќе си трошам време да ги опраам тие што не сакаат да слушаат (џрујо и комп). Ниту имам интерес да одам во ЕУ и НАТО. Не ја купувам прикаската дека тоа магично ќе ја опраии државата. Моите посинети браќа Словенци секој ден ми кукаат. Трај си клај си, во Куманово скаричка нарачај си. :)

 Сеуште не ја контам

 Сеуште не ја контам споредбата со Индија и Ганди. Индијците се бореа да излезат од империја, ние се молиме да влеземе. Нашите патишта и цели се некако на спротивни страни.
Нешто рамно на мудроста на Ганди би било да се обединиме балканскиве републики, сосе Грција и Турција (да и Бугарите) и фино лепо да им кажеме, путуј Европо... Словенците нормално ќе си се приберат и они кај нас, избегаа од Југа од овие ич не им трепнува. :) Али, пуста желба... Треба многу кунг фу за тоа. Или срање у Европа... Хм, веќе има. (хинт). 

Ego-identification with

Ego-identification with things creates attachment to things, obsession with things, which in turn creates our consumer society and economic structures where the only measure of progress is always more. The unchecked striving for more, for endless growth, is a dysfunction and a disease. It is the same dysfunction the cancerous cell manifests, whose only goal is to multiply itself, unaware that it is bringing about its own destruction by destroying the organism of which it is a part. Some economists are so attached to the notion of growth that they can’t let go of that word, so they refer to recession as a time of “negative growth.
 
E.T. 
 
Поздрав :)

 Решение, колега Пчински,

 Решение, колега Пчински, решениееее... :)
 
Боље ишта него ништа, како викаат. Ако не не бива за право кунг-фу, тогаш ќе им претаме под мишка додека не’ држи сила, тоа ти е. Празни зборови не помагаат у ситуацијава. (Иначе ни ја не љубам многу ЕУ и НАТО, да не грешиме душа).

Не гледам друго решение освен

Не гледам друго решение освен попаметниот да попушти (и да го искористи тоа попуштање за нешто корисно, т.е. да извади ќар)...
А тука за жал се натпреваруваат во кој е поглуп и поинатџија изгледа.
Инатлукот, вечен. :) 

ОкоБоли главаВицФото