Објектосексуалците во брак со славните градби

09.12.2010 12:44
Објектосексуалците во брак со славните градби

Постојат различни фетиши и љубови, но колку и да сме навикнале на секакви сексуални и љубовни претпочитања, сепак е необично да се пројавуваат вистински и силни емоции, поврзаност, па дури и љубов спрема објектите.

Оние кои се зафатени од оваа необичност се наречени објектосексуалци, и ним им е посветен филмот „Во брак со Ајфеловата кула“.

Филмот ја следи приказната за жените од разни делови на светот кои веруваат дека објектите имаат сопствен живот и некаков облик на независна свест, и дека поради тоа се способни да комуницираат и сакаат. Значи, не е дека само тие ги сакаат објектите, туку нивната љубов може и да им биде возвратена. Овие жени се возбудуваат од облиците на овие градби, а не од облиците на човечките тела, но нивната опседнатост не е само од сексуална природа туку е дополнета и со чувства.

Пионерката на објектната сексуалност е Еија Рита Берлинер Мауер, Швеѓанка која својата љубов кон Берлинскиот ѕид ја почувствувала долго пред обединувањето на Германија. Симболично се омажи за ѕидот во 1970-те години, иако стануваше збор за омразен симбол на угнетувањето и окупацијата, поради кој секој обид за преминување од источната на западната страна донесе многу жртви. Таа во своето презиме го додаде Берлинер Мауер, што значи Берлински ѕид. Меѓутоа, сигурни сме дека обединувањето на Германија не и’ се допаднало многу бидејќи нејзиниот „сопруг“ беше урнат и безмислосно исечен на парчиња кои денес се продаваат како сувенири за 15 евра, а од него се останати само одредени делови кои денес служат како споменик.

Слична траума проживеа и берлинерката Сенди К., која од мала била заљубена во Светскиот трговски центар во Њујорк, кој по терористичките напади од 11 септември 2001 г. повеќе не постои. Сенди К. тврди дека никогаш не чувствувала ништо слично за некое човечко суштество.

Но главен лик во филмот е Наишо/Ерика, 30-годишна жена од Сан Франциско, која посакала да се омажи за светски славната градба – Ајфеловата кула.

„Голем проблем е да си заљубен во јавен објект“, вели Наишо, „бидејќи прашањето за интимноста, односно нејзиниот недостаток, е вечно присутно.“

Но постојат и објектосексуалци кои не се толкави мегаломани во изборот на својот партнер, па можат да остварат и „интимност“ со нив. Така, студентот по психологија Бил Рифк е заљубен во својот iBook. Со оглед на бројните обожаватели на Apple веројатно не е единствениот, само што многумина тоа не го нарекуваат љубов и не се обидуваат да му го одредат полот на својот компјутер како него. Тој заклучил дека неговиот преносен сметач е од машки род, и на тој начин тие двајца се во геј врска.

Објектосексуалци има сè повеќе, па тие се состануваат на интернет групите и во круговите на истомислениците за да разменуваат искуства.

Во пионерските обиди за научно објаснување на објектосексуалците се впушти Волкмар Сигуш, поранешен предавач на Институтот за сексуална наука во Франкфурт, кој утврди дека се работи за последица на сè поголемата асексуалност во општеството.

Со слична тема се занимаваше и циришката интердисциплинарна канцеларија BHSF, која сними неколку видеа под насловот „Housefucking“, само што тие ја исмејуваат фетишизацијата на зградите.

Извор: pogledaj.to

ОкоБоли главаВицФото