Балада за невратот

15.04.2021 13:42

Коњот судбина од прикаска,
коњот судбина...
Трње му на чело.
Суши му на бедра.
Пепел му под ребра.
Си ја дроби со копита главата.
Грива ќе испасе.
Си ги кине со заби жилите.
Себеси со себе ќе се напои.
Зад него орли на уплав,
Пред него бездни и тајни.
Коњот судбина од прикаска,
коњот судбина...
Под неговите плешки отчукуваат
дамарите на раскажувачот.
На оној раскажувач
со твое име.
Разбираш?
Името на сите ни е едно:
Одминливост.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото