„Солидарност“ во Србија: Да ги вратиме киднапираните културни институции

05.02.2022 14:23
„Солидарност“ во Србија: Да ги вратиме киднапираните културни институции

 


Во Србија неодамна стана актуелен случајот на злоупотреба на државните средства за култура на локалниот Центар за култура во Кучево, чиј буџет, противзаконски, е трошен за подмирување на интересите на кадрите на владејачката партија.

Политичката платформа „Солидарност“ реагираше дека тоа е само уште еден поразителен пример за тоа како во Србија се понижува значењето на културата во секојдневниот живот на локалните заедници.

„Солидарност“ во Србија укажа на потребата итно да се редефинираат приоритетите на националните и локалните културни политики за да се спречи злоупотреба на ионака малиот јавен буџет за култура, а постоечките ресурси наменети за културата на локалните заедници да ги врати на таа намена:

„Со децении сведочиме на уништувањето на културните домови и на центрите за култура ширум земјата така што, со негрижата на локалните власти, нивните простори се претвораат во мали бизниси и вработуваат  кадри кои се нестручни, но се верни на властите, кои ги бришат сите траги на културно-образовните активности за кои биле подигнати тие простори.

Резултатите се погубни: опадна нивото на писменост и на образование на локалното население, младите во недостаток на адекватни културни активности заминуваат во големите градови, а локалните културни работници остануваат без работа, без смислени работни задачи и мотиви да се борат натаму и професионално да се усоршуваат во својата средина.“

„Солидарност“ апелираше на локалните заедници, на културните работници, на младите, на сите грaѓани, „да го подигнат гласот против систематското уништување на нашите заеднички добра олицетворени во центрите за култура и против коруптивните политики на секоја локална власт која својот материјален интерес го става пред нашето право на култура и образование.“

Извор: Солидарност

ОкоБоли главаВицФото