Пејзажи од земјоделски површини

05.12.22 12:37

Мич Роус е фотограф со седиште во Коди, Вајоминг. Тој долго време се бави со воздушна фотографија, користејќи беспилотни летала со висока технологија, но незадоволен од ограничувањата на овие летала, тој почнува да фотографира директно надолу од авиони.

Овие фотографии се направени над округот Керн, Калифорнија, и на нив се заблежува живописната прецизност на обработливото земјиште. Во своите фотографии Мич опфаќа сегменти од полиња и шумички, долгите редови на ботанички продукти слични на виножито, розово дрво меѓу овоштарникот со жолта боја, серија од квадрати со исушена вегетација, кои прават земјоделските површини да наликуваат на колоритни таписерии.

Извор: Colossal

Слични содржини

Фотографија / Уметност / Око
Фотографија / Екологија / Око
Мода / Екологија / Око
Фотографија / Екологија / Уметност / Око
Фотографија / Екологија / Око
Фотографија / Екологија / Око

ОкоБоли главаВицФото