Едно утро сретнав маг

06.10.2023 16:20

Едно утро во тревата сретнав Маг. Беше мошне мал, речиси минијатурен. Штотуку се трезнаше од синоќешното пијанство, а сребрениот плашт му лебдеше над ливадата, задржувајќи ја уште својата таинствена моќ. Стапчето му беше забодено во земјата, а стаклената кугла оттркалана во тревата светкаше наоколу. Лицето му беше бело, небаре мозаик од гриз. Устата му беше нагласено бојосана. Клечеше пред мене како изгубен брош во трева, со очи на ранет ангел. Го ставив на дланка и го прашав дали сака да му ги донесам загубените работи. Молчеше. Ги наведна очите и не сакаше да ме погледне. Ми беше жал за него. Отрчав во полето по куглата и стапчето. Сребрената наметка не можев веднаш да ја фатам. Ми бегаше меѓу прстите. Одново го ставив на дланка и му ги вратив работите. Секавично ја зафрлаше сребрената наметка на грб, а во левата рака ја зема светкавата кугла. Стапчето му зрачеше во десната рака. Го подигнав речиси до самите очи за подобро да го видам тоа мало чудо. Тогаш, сосема неочекувано ми упати еден остар поглед и, без да се двоуми, челото ми го допре со стапчето.

Превод: П. В.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото