За другата свест

30.10.2023 11:46

Во нас постои уште една свест, сосем непозната, која има малку заедничко со оваа со помош на која го знаеме

сопственото битие и светот околу себе.

Таа свест целата е свртена навнатре. Таа бдее само над телото. Не ја гледа нашата посебност, ниту работите

што имаат невидлива природа за неа воопшто се.

Иако работи постојано (и дење и ноќе), некогаш не успева да ја одржи складноста меѓу нештата, за која е одговорна.

Тогаш настапува болеста, или смртта: секогаш она кон што е посклона мерката

неред што се случил.

Дури во тие мигови оваа свест ја открива онаа според која, освен неа, друга во нас - нема.

 

Превод: П. В.

Веселко Короман (1934), босански и хрватски писател и историчар на книжевноста. Пишува песни, романи, раскази, есеи, патописи, книжевна критика, и составува антологии.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото