Тоа што сум

18.10.2023 16:25

Тоа што сум го свртел ид вас своето лице
мили мои
моја волја не беше
некоја невидлива рака со мене се пошегува
и јас веќе не гледам во вас туку во некој ѕид
сив и висок е тој ѕид и на него
исчезнуваат сите слики што во очите ги носев
залудно викам ни сопственото уво не ме слуша
и така во себе гласен јас за вас сосем ќе стивнам
и наместо моето срце ќе чука мојот часовник

Превод: П. В.

Драго Иванишевиќ (Drago Ivanišević, 1907‒1981) ‒ хрватски поет, драматург, преведувач, уредник, сликар, театарски работник... Припаѓа во кругот на најголемите имиња на хрватската поезија во втората половина на 20 век и е еден од првите модернисти во хрватската литература меѓу двете светски војни. Ангажиран поет и хуманист, човек со еруптивна животна сила и широка култура проткаена со медитерански дух, поттикнат од експресионизмот и европската авангардна поезија, создал бројни антологиски стихови карактеризирани со надреалистичка и апокалиптична визија за светот, јазични експерименти, чудни аналогии и метафори.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото